Во одлична другарска и работна атмосфера помина семинарот кој вчера се одржа во Градско, а во организација на нашата секција од оваа општина. Покрај домаќините, учество на настанот земаа и почетниците од секцијата во Тафталиџе, како и од Хомбу доџо-то од Скопје.
Помладите инструктори на Буџинкан Македонија, Марјан Прошев и Марко Опачиќ, во текот на целиот ден ги предаваа основите на школите Кото рју, Гјокко рју, Шинден Фудо рју и Такаги Јошин рју, а дваесетмината учесници на семинарот неуморно ги впиваа знаењата од овие четири класични јапонски борбени традиции.
Во текот на тренингот, но и за време на паузите, семпаи Прошев и семпаи Опачиќ, ги објаснуваа разликите и сличностите помеѓу школите, но истовремено раскажуваа и за своето позитивно искуство како членови на Буџинкан Македонија.
На крајот, честитки за одличната организација на семинарот на Панче Коцев, кој е на добар пат да навлезе подлабоко во прекрасниот свет на класичните јапонски борбени вештини (корју буџутсу).