Одржан семинарот за Фукија

Posted on Categories Почетна

20032011210319fukija765.jpgПри исклучително студено
време, проследено со дожд и ветер, се одржа семинарот за Фукија. Местото
одбрано за овој настан, Лока, кое во текот на целиот ден беше буквално меѓу
облаци натежнати од влага, се покажа доста сурово кон воините на Буџинкан
Македонија. За време на тренингот, облеката постојано ни беше влажна, а мокрите
нозе и чизми правеа целото тело да трепери со цел да се одржи температурата на
нормално ниво.

Споредено со семинарите на
кои што ги изучуваме другите оружја, овие со фукија секогаш се покажале како прилично
лесни што се однесува до физичкиот напор, но затоа инструкторот Игор Довезенски
секогаш одбира доста тежок терен за работа, како и добар ритам на искачување
додека да се стигне до него.

Семинарот започна со
кратко предавање за ова оружје, 20032011211044fukija65.jpgкое потекнува од традицијата на Тогакуре
школата, по што инструкторот Довезенски, им објасни на учесниците за начинот на
изработка и употреба на фукијата во секакви услови на борба. Потоа, се пристапи
кон гаѓање во мета од неколку положби на телото (камае). За учениците, посебно забавен
беше начинот на пренесување на пораки преку стрелки, како и гаѓањето со игла.

Се на се, ова искуство
како и секое друго кое се стекнува на семинарите во природа, ќе им биде од
голема корист на нашите членови кои дури ни во најтешките мигови не покажуваат
слабост или самосожалување. Иднината на Буџинкан Македонија со вакви ученици е
загарантирана.