На малата Сара Ѓорѓиевска неодамна и е откриен тумор на мозокот кој треба итно да се оперира во болницата ACIBADEM во Турција. Операцијата чини околу 30.000 евра, а родителите не се во можност сами да ги соберат сите средства. По тој повод, во недела, со почеток во 11.00 часот, на Водно ќе одржиме хуманитарен тренинг, а собраните средства ќе бидат наменети како мала помош за малата Сара.
Тренингот е отворен за сите, цената на истиот изнесува 300 денари, а темата ќе биде Шинкен Гата.
Како клуб кој има многу пријатели во земјава и во странство, ги повикуваме сите кои не се во можност да присуствуваат на тренингот да донираат преку телефоните:
070 143 143
077 143 193
075 143 143
или преку трансакциската с-ка во Стопанска банка.
Сара Ѓорѓиевска
200002201109539 на Стопанска банка.
Бул.Ј.Сандански 112-2-21
Sasko Gjorgjievski-Devizna Smetka
Radisanska 17/2-24Skopje
IBAN Code: MK07210501562799738
SWIFT : TUTNMK22
NLB Tutunska Banka A.D Skopje
Vodnjanska br.1
По успешно одржаниот Летен Нинџа Камп и малиот одмор што следуваше потоа, Школото за класични јапонски борбени вештини Пат кон Сонцето / Буџинкан Македонија продолжува со работа.
Единствениот
Од осум пријавени
По завршувањето на
под било какви услови и притисоци. Тие речиси и да не покажаа никаков замор во
Традиционално, како и секоја година, така и оваа, дојде денот кога можеме да ги испробаме нашите способности и вештини на дело:
По повод 15 години од основањето на Школото за класични јапонски борбени вештини Пат кон Сонцето / Буџинкан Македонија, вчера во просториите на доџо-то се одржа прослава на која присуствуваа сегашни, но и поранешни членови на нашата организација.
На 2 јули, 1995 година, со работа започна Школото за класични борбени вештини Буџинкан Македонија (Пат кон Сонцето). Тоа беше основано од страна на Игор Довезенски, човекот коj за прв пат во Македонија ги „донесе“ класичните јапонски самурајски и нинџа вештини. Од тогаш, па до денес, нашето доџо е единствен претставник на организацијата Буџинкан Доџо на соке Масааки Хатсуми.
Каков семинар, каков тренинг, каква атмосфера. Со еден збор одлично. Два дена, пет тренинзи, по два часа, вкупно 10 часа нурнување во чудесниот свет на Оно ха Итто рју Кенџутсу, во услови на наизменични промени на сонце и дожд, проследени со молњи и грмотевици.
Во неделата првиот тренинг се одржа веднаш по изгрејсонце. За тоа време во жарот на огинот се препелкаа млади компирчиња што послужија како вкусен доручек. 
Оно ха Итто рју се одликува со чисти, брзи, моќни и едноставни движења и токму тоа ја прави да биде толку ефикасна. Иако во Школото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан Македонија, првенствено се изучуваат деветте школи на Буџинкан Доџо, ние со задоволство одлучивме да ја изучуваме и оваа школа. Тоа се случи благодарение на учителот Антонино Черта, единствениот западен шихан на Даито рју Аикибудо, кој несебично прифати да го подучува инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски.
Школото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан