Во периодот од 12
до 21 јуни, инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, беше во
работна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествуваше на
најголемиот семинар во таа земја, наречен Бују Каи. За време на
настанот, тој го положи тестот за годан (5 дан), познат под името сакки
(убиствена намера). Со тоа, Игор Довезенски стана првиот Македонец што го
положил овој тест и што се здобил со титулата шидоши (едно од најголемите звања
во Буџинкан).
За тие што не знаат, тестот сакки се полага така што
кандидатот седнува во
сеиза (седечка положба), додека некој од главните инструктори (кој треба да има специјална дозвола од поглаварот Масааки Хатсуми) го напаѓа со дрвен меч во
глава од задгрб. Доколку кандидатот го почуствува нападот на време и се истркала
нанапред, а со тоа и го избегне ударот, тогаш тој станува шидоши. За да се
дојде до тоа, потребни се години и години напорен тренинг.
За да биде тежината уште поголема, Довезенски го положи тестот пред 20 шихани
од целиот свет, кои беа сведоци на настанот. Тоа го направи по барање на
мајсторот Штефен Фролих, еден од првите германски нинџутсу мајстори, кој и ја
доби специјалната дозвола од соке Хатсуми, да го изведе тестот над Довезенски.
Пред самиот семинар, кој траеше четири дена (16-19 јуни), водачот на Буџинкан
Македонија одржа десетина тренинзи за својот пријател Иван Иванов, негов
поранешен, а сегашен ученик на шиханот Фролих. Истовремено, тој одржа и тренинг
во доџо-то на шиханот Фролих со својот стар пријател Штефен Шулц, за кој
слободно можеме да речеме дека е еден од најдобрите нинџутсу практичари во цела
Германија.
За време на десетдневниот престој во земјата,
Довезенски имаше можност да учи и
вежба и со многу други шихани, меѓи кои: Холгер Кунцман, Шеила Хадад, Џусепе
Коста, Андре Фрост и др.
Интересен беше и тренингот со Тјон Кит Сиен, мајстор за Вуданг Кунг фу (Ву Шу),
кој несебично пренесе дел од своето знање.
Посебно беше емотивна средбата меѓу инструкторот Довезенски и шиханот Ед Мартин
(Папа сан) за време на еден од тренинзите во доџо-то на шиханот Фролих, а дружењето
меѓу нив продолжи и во следните неколку дена на семинарот во Катлинбург.
Има уште многу да
се пишува и раскажува за овој одличен настан, но место проширен текст, на
крајот сакаме да упатиме голема благодарност до организаторот на Бују Каи 2011, Штефен Фролих, за одличната организација како и за целата помош укажана
за Буџинкан Македонија.
За некои доџо-а, 23-ца учесници на меѓународен семинар значи голем успех, но за Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето, тоа е нормална бројка на еден редовен локален семинар во природа.
искачивме на врвот на планината Липац, каде што го направивме првиот тренинг.
Откако се заврши со вториот тренинг, учесниците на семинарот се одморија на чардакот од манастирските конаци и тоа всушност беше единствениот поголем одмор за време на семинарот.
Минатата година се договоривме овој семинар да прерасне во традиционален и еве – исполнуваме.
Во месноста Орлова Чука, на еден од пониските ридови на Липац, денес се одржа семинарот за Јуми и Ја односно ракување со нинџа лак и стрела.
Вештината на ракување со лак и стрела била
Ова беше еден од
21 ката. За почеток се обработија три
Иако беше предвидено семинарот да заврши околу 17.00, тој беше продолжен
Школата Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу е позната по своите природни движења. Едно од правилата на оваа рју-ха вели дека е потребно да изградиме доџо во природата и таму да вежбаме ускладени со опкружувањето и универзумот.
Десет припаднички на
учесничките беше знак дека Работилницата
Во одлична другарска и работна атмосфера помина семинарот кој вчера се одржа во Градско, а во организација на нашата секција од оваа општина. Покрај домаќините, учество на настанот земаа и почетниците од секцијата во Тафталиџе, како и од Хомбу доџо-то од Скопје.
Традиционално, на секои две години, Школото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан Македонија ја организира својата надалеку позната: