Во месноста Орлова Чука, на еден од пониските ридови на Липац, денес се одржа семинарот за Јуми и Ја односно ракување со нинџа лак и стрела.
На настанот учество земаа десетина ученици на Буџинкан Македонија, кои под жешкото сонце во текот на целиот ден ја совладуваа оваа вештина.
Како и секогаш, на почетокот на семинарот, инструкторот Игор Довезенски одржа предавање за историскиот развој на лакот и стрелата, а потоа преку практични примери им објасни на учесниците како за најкраток рок да го изработат оружјето.
Потоа, започна тренингот на гаѓање преку употреба на различни положби на телото, по што следеа разни вежби за усовршување на ракувањето со оружјето.
На крајот, се вежбаа техники на гаѓање во далечина, при што учениците имаа можност да се уверат како со едноставна изработка на лак и стрела (направени за само 15 минути), можат да се совладаат растојанија од над 100 метри.