Минатата година се договоривме овој семинар да прерасне во традиционален и еве – исполнуваме.
Тоа што толку време сите го чекавте. Дводневен тренинг во природа, на врвот на легендарната планина Липац.
По одличното минатогодишно искуство, одлучивме секоја година, во јуни, да го одржуваме семинарот на кој ќе ја изучуваме јапонската класична школа за мечување: Оно ха Итто рју (Такеда ден).
Во текот на денот, ќе се одржуваат по три тренинзи, а вечерта ќе биде резервирана за дружење околу огнот, проследено со скаричка и по некое пивце.
Како што веќе знаете, Школото за класични јапонски борбени вештини Пат кон Сонцето, освен школите на Буџинкан, негува и други корју вештини, меѓу кои и Оно ха Итто рју Кенџутсу. Членови сме на организацијата Даито Рју Аикибудо Даито Каи, предводена од сенсеи Антонино Черта, единствениот нејапонски шихан за Даито рју Аикиџуџутсу.
Инаку, оваа школа за мечување, била задолжително изучувана од страна на моќниот самурајски клан Такеда. Легендарниот воин Сокаку Такеда, познат како последниот самурај, добил менкјо каиден (лиценца за стекнато знаење) токму за оваа кенџутсу рју ха.
Ден: 04/05 јуни, 2011 година (поаѓање од Скопје во 07.00)
Место: под ѕвездите на планината Липац
Опрема: шатор, вреќа за спиење, кеико ги, бокуто, храна и
вода.
За дополнителни информации јавете се на нашиот телефон.
Семинарот е отворен за сите, без разлика на стилот и
вештината.
Ако Ви е потребна опрема, слободно јавете се.
Настанот ќе се одржи без разлика на временските услови.