Целодневниот дожд проследен со ниска температура воопшто не не’ поколеба да се откажеме од нашиот традиционален семинар на кој ги проучуваме техниките за зимско преживување.После пет години усовршување во шумски терени, а потоа и пет години совладување на преживувачките методи во ридските области, оваа година почнуваме нов предизвик на проучување на техниките – и тоа на карпесто-долински терен. За таа цел, го одбравме Смкнено, место кое се наоѓа на почетните ридови кои се составен дел од планината Липац.
Намокрени и измрзнати поради целодневниот дожд, успешно ги повторивме и реализиравме петте основни правила за преживување во зимски услови. Иако за многумина невозможно, на примитивен начин и со голема леснотија успеавме да запалиме оган и да се стоплиме околу него.

















