Во организација на Буџинкан Македонија, во скопското доџо денес беше одржан семинарот за Џунан Таисо (вежби за растегнување на телото). На настанот присуствуваа 15-тина учесници, од кои повеќето беа членови на Организацијата за изучување класични јапонски борбени вештини „Пат кон Сонцето“, или, пак, нивни блиски роднини и пријатели.
За време на целиот настан, инструкторот Довезенски ја истакнуваше важноста на Џунан Таисо во развојниот пат на секој кобудока (личност што практикува класични јапонски боречки вештини), а особено ја нагласуваше потребата од флексибилност на сите оние кои вежбаат нинџутсу вештини.