Викендов што измина, во романскиот град Јаши беше одржан семинар на кој инструкторот Игор Довезенски подучуваше техники на борење со меч (кенџутсу), како и начини на борба со стап (боџутсу). Настанот беше организиран од страна на водачот на Шинган Доџо, Каталин Сореану, а на негово барање беше од затворен тип односно наменет само за напредните членови на неговото доџо.
Во текот на првиот ден, Довезенски ги предаваше техниките на брзо извлекување и симултано сечење со јапонски меч (иаиџутсу) од седечка и од стоечка положба, како и основите на борба со катана.
Следниот ден, главно се вежбаа основите на борба со стап, а при крајот на семинарот Довезенски подучуваше и некои понапредни техники на боџутсу.
Следниот ден, главно се вежбаа основите на борба со стап, а при крајот на семинарот Довезенски подучуваше и некои понапредни техники на боџутсу.
Како и секогаш, домаќинот Каталин Сореану се покажа како одличен организатор кој внимава дури и на најситните детаљи, а исто така и неговите ученици се погрижија целиот семинар да помине во неверојатно одлична атосфера.
На крајот, инструкторот Игор Довезенски сака да се заблагодари на сите учесници од Шинган Доџо за добриот тренинг и за времето поминато во смеење и дружење.
До следниот пат…