Водачот на „Буџинкан Шинган Доџо“, Каталин Сореану, повторно го покани шидоши Игор Довезенски да одржи семинар, овој пат на тема: „Кенџутсу и Боџутсу“.
Настанот ќе се одржи на 07-08 ноември, во преубавиот град Јаши, познат како „центар на културата“ во Романија.
Семинарот има меѓународен карактер и на него можат да учествуваат сите заинтересирани, без разлика на нивото на знаење или на стилот.
За повеќе информации, слободно обратете се на организаторот преку неговиот и-мејл: contact@shingan.ro
За да се запознаете со работата на „Шинган Доџо“, посетете ја нивната веб-страницата: www.shingan.ro
Повеќе информации за инструкторот Довезенски, можете да прочитате тука: биографија
Се гледаме наскоро!