Работилница за Самоодбрана за Жени® VII

Posted on Categories Почетна

„Седум-те важни правила за самоодбрана“ ќе биде насловот на седмата по ред „Работилница за Самоодбрана за Жени“. Како и секоја година претходно, инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, ќе ги едуцира припадничките на понежниот пол за тоа, како да се заштитат себеси во случај на напад или физичко злоставување.

Организацијата за изучување на класични јапонски борбени вештини „Пат кон Сонцето“, во 2008 година за прв пат во Македонија организираше ваков настан и оттогаш Работилницата стана синоним и место каде што девојките и жените можат да научат техники за самоодбрана при несакани ситуации.

Иако настанот започна да се организира првенствено за нашите членки, низ текот на времето се поголемо учество земаа сите припаднички на поубавиот пол, без разлика на годините или на нивото на знаење.

Потребна опрема: тренерки и маица (без патенти и копчиња). Се вежба на душеци (боси). За сите учеснички обезбедено е бесплатно спиење во доџо-то. 

Датум на одржување: 24/25 октомври, 2015

Место: Пат кон Сонцето – Хомбу Доџо (62 км. од Скопје)

Дополнителни информации: 075 564 011 или на е-маил: daito_macedonia@yahoo.com

Ве молиме да не се стеснувате при поставувањето на прашањата.