Учесничките на семинарот со споделување на своите импресии го напишаа извештајот за седмата Работилница за Самоодбрана за Жени:
Сања Симонова – „Првиот тренинг траеше два ипол часа. Сенсеи не воведе во овогодинешната тема, ни одговори на почетничките прашања, по што веднаш се фрливме на тренинг. Сценаријата кои ги работевме се токму оние кои најчесто се случуваат во реалност и освен тоа што вежбавме како треба да се поставиме во случај на напад, Сенсеи ни објасни и кои ситуации и кои положби треба да ги избегнуваме по секоја цена. А ако веќе се случат и како треба соодветно да се реагира.
Времето брзо леташе, девојките се повеќе се остреа, стануваше жестоко.
Паузата помеѓу двата тренинзи ја искористивме за прошетка низ околината, посета на легендарната кооперација на Дацко, фотографирање на довезенската убавина, ручече, детски игри и брканици низ доџо-то.
Паузата помеѓу двата тренинзи ја искористивме за прошетка низ околината, посета на легендарната кооперација на Дацко, фотографирање на довезенската убавина, ручече, детски игри и брканици низ доџо-то.
Вториот тренинг траеше исто така два ипол часа. Се спуштивме на земја, ама духот и понатаму беше во висините. Сенсеи цело време вежбаше со нас и не подучуваше буквално со секој збор и контакт.
Вечерта имавме мала забава околу огнот, се разгракавме ко што само жени можат, се почестивме по една чашка домашен ликер и уморни и среќни се спремивме за спиење. Каминот светеше и не грееше, ноќта беше ведра и ветуваше убаво утро.
Вечерта имавме мала забава околу огнот, се разгракавме ко што само жени можат, се почестивме по една чашка домашен ликер и уморни и среќни се спремивме за спиење. Каминот светеше и не грееше, ноќта беше ведра и ветуваше убаво утро.
Вториот ден, Аничка ни запали огинче, се измкнавме од вреќите право на чајче и појадок со разговор за тоа кој што го боли од тренинг. Привремената болка никако не може да ја згасне или засени постојаната љубов. Набрзо дојде Сенсеи и почнавме со утринскиот тренинг. Утврдивме дел од она што го работевме претходниот ден, на забавен и многу практичен начин. Продолживме со нови и нови сценарија, а завршивме со едно толку убаво растегнување после кое се полниш со многу енергија и сила. Паузата ја искористивме за прошетка до Здравкин Камен. Сонцето светеше високо над нас, но никогаш не зајде во нас. Се беше толку убаво, магично и неповторливо убаво.
Последниот тренинг започна со помала динамика поради тоа што секоја од нас чувствуваше болка во одреден дел на телото, ама тоа само поради интензивните сесии претходно. По кратко загревање, ’испукавме’ уште два часа без проблем. Последниот тренинг во Хомбу е најтежок на почеток, а најубав при крајот. Има една точка на премин од тоа кога ти е многу тешко и кога одеднаш ти станува неподносливо лесно, а тоа е некое посебно чувство кое засега не знам како да го опишам.
Си го исчистивме доџото, се спакувавме, се изгушкавме неколку пати и заминавме. Испишавме уште една незаборавна страница на Патот, вградивме уште многу знаење, го зацврстивме пријателството, си посакавме уште многу години да ни трае и со радост ги очекуваме сите заеднички мигови кои ни доаѓаат.
За мене ова беше четврта Работилница во континуитет. Секоја си има свои убавини и мигови за паметење, ама годинава имаше невидено дружење, зезање и компактност. Сите, ама буквално сите бевме како едно. Организациски поспремни не сме биле, делење на храна, вода и се што сме донеле беше како една мајка за сите да спремила и ставила на средина. Секој за секого за помош се најде и таква единственост, обединетост, љубов, посветеност, почит и лојалност се стекнуваат само во клубот. Кога пред сето ова стои еден навистина голем и исклучителен човек, кого сите го сакаме од дното на срцето, кој толку безпоштедно се дава и во најситните детали, не може, а да не се разблика во нас тој извор на константно подобрување.
Благодарност до тебе Сенсеи и благодарност до сите што беа дел од овој прекрасен викенд!
Благодарност до тебе Сенсеи и благодарност до сите што беа дел од овој прекрасен викенд!
п.с. Маја, толку многу ти се израдував што едвај чекам повторно да те видам во кимоно во доџо. Епа девојки, strong is the new sexy ;)“
Елена Ангеловска – „Ме боли млазот. Да, добро прочитавте. Не ме боли само секо мускулче кога се качувам по скали, ниту кога се наведнувам да си ги врзам патиките, ниту пак само кога се кревам на прсти да докачам нешто од креденецот. Ме боли и млазот. Да, млазот додека се туширам и секоја капка вода на моето тело боли, секоја клетка, секоја пора. И некој ќе рече, па зошто побогу секоја година упорно се пријавуваш на таа работилница за самоодбрана кога после неа патиш со денови? Е на тој некој, како да му објаснам дека секоја од тие капки што болат има во себе живост каква што нема ни реката што секојдневно упорно тече пред моите очи. Таа капка има во себе топлина која лекува, која бара да се исправиш, да сакаш, и да постоиш. Е тоа е таа алхемија од два дена во волшебниот рај наречен доџо. Не обично доџо, туку она нашето, на Буџинкан Македонија.“
Тамара Ѓорѓиевска – „Прв семинар, први импресии. Баш било тешко да се опише како си поминал само во неколку реченици.
Чувството да си таму, во Хомбу Доџо е просто неверојатно. Кој бил – знае!
Во текот на двата дена Сенсеи ни ги предаваше техниките поврзани со темата. Времето ни помина многу бргу, не го почувствувавме воопшто. Тренинзи, прошетки низ селото, дружење со Косара и Ксенија, разговори на кои им нема крај.
Спиењето не се опишува. Сите стуткани една до друга, во вреќи и јамболии.
Вториот ден, после тренингот Сенсеи не прошета до Здравкин Камен. Се вративме на време за втората сесија, а кога дојде време да завршиме со Работилницата, со неверување гледам во часовникот и се чудам кога помина времето…
Не ми се одеше дома. Преубаво ми беше во доџо-то. Толку многу љубов и разбирање на едно место. Незаборавно дружење.
Ти благодарам Сенсеи за се!“