Уште еден успешен семинар организиран од страна на Буџинкан Македонија. Овој пат одржан од страна на нашиот пријател од Чешката Република, Филип Бартош.
Иако пред две недели имавме најавено околу 30-тина учесници на семинарот, од кои голем дел од соседните земји, во последен момент
тие го откажаа своето учество поради појавата и ширењето на свинскиот грип во нашата држава. Сепак, тоа не ги поколеба петнаесетината ученици на Буџинкан Македонија да ја проучуваат школата Шинден Фудо Рју Џутаиџутсу. Во текот на двата дена, успеавме да ги поминеме сите кати од сите три нивоа на оваа рју ха: шоден, чуден и окуден.
Мајсторот Филип Бартош несебично го подели своето знаење со нашите ученици кои со голем жар ги вежбаа шеесетината кати на оваа стара школа, која изобилува со техники на фрлање (наге ваза).
Како и секогаш, дружењето беше прекрасно, атмосферата во доџо-то весела, а во текот на слободното време не изостанаа ниту посетите на скопските ресторани и кафулиња, познати по одличната храна и амбиент.
Благодарност до сите учесници и гости на семинарот.
Буџинкан Македонија ви најавува:
Тема на семинарот беше Саино Кон Ки, а големиот мајстор се обиде да го објасни нејзиното значење преку техники и кати од Гјокко Рју Кошиџутсу и Кото Рју Коппоџутсу. Семинарот се одржа под отворено небо. Првиот ден времето беше сончево и мирно, додека вториот дуваше ветер проследен со силни дождови. Сето тоа придонесе подобро да се разбере учењето на нинџутсу, како и самата природа на елементите вода (суи) и оган (ка).
претставува голема чест и доверба. Мајсторот Фролих го покани водачот на Буџинкан Македонија на заедничка посета на Хомбу Доџо-то во Јапонија, каде што Довезенски ќе полага за годан (5 дан), што секако, говори за заемната доверба и почит меѓу нив. Беше разговарано и за заедничките планови во текот на 2010 година, а шиханот даде огромна подршка за работата на Буџинкан Македонија и истакна дека можеме да сметаме секогаш на неговата помош во било која област.
ридовите, за кратко време го поминавме селото Стрезовце и почнавме да навлегуваме во селото Макреш. За жал, во тој момент двајца од учесниците се откажаа. Патот го продолжија деветмина, кои навистина покажаа силна воља и посветеност да истрајат до крај. Се движевме по сувото речно корито на реката Петрошница, за потоа да се упатиме на запад кон ридот Перос. Со помош на компас и стара топографска карта, патот не одведе низ атарот на селото Добрача, а потоа во селото Бајловце се искачивме на ридот Висока (764 м), за да продолжиме да се движиме преку сртовите на околните ридови. Двежејќи се повторно на запад, влеговме во густа борова, а потоа и во дабова шума, по што излеговме право пред источното подножје на Татичев Камен во селото Кокино. Тоа беше нашата последна дестинација пред враќањето назад кон Липац. Дотука, после поминати 30-тина километри по стрмен и нерамен терен со убиствено брз ритам на движење, неколкумина од учесниците
почнаа да добиват грчеви на нозете. Сенсеи Игор Довезенски на неколку пати со употреба на методи на масажа од Хичибуку Гошинџутсу, успеа на неколку пати да ги оспособи за движење. При тоа и нивната голема желба и посветеност да стигнат до одредницата го сторија своето. Сите заедно се искачивме на платото на древната мегалитска
критична за повеќето учесници. Најголем дел од нив, поради целодневниот марш, имаа добиено големи рани на стопалата, потоа проблеми со колената и мускулите, а кај еден од учениците почна да се јавува блага дезорентација и халуцинации. До крајот на Патот на Шугенџа остануваа уште точно 15 километри, а на местото на појдовната точка беа оставени нашите возила со кои требаше да се вратиме назад во Скопје. Поради повредите на поголем дел од учениците, беше договорено патот да го продолжат тие кои се во можност да го сторат тоа, а останатите да чекаат се додека не се заврши со семинарот и не се вратиме со возилата по нив.
како и останатите свети места,
Ги информираме нашите ученици и сите заинтересирани дека Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето и Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе започнат со работа во вторник (01.09.2009).
секој од учесниците доби оброк што се состоеше од три речни школки и едно речно ракче (уловот). За десерт, секој од учесниците доби по три сливи. Тоа беше храната за целиот саботен ден.
Тренингот продолжи до доцна во ноќта. Во отсуство на месечина и во целосен мрак се вежбаа техники за медитација и за будење на сетилото за опасност (Харагеи). Вечерта заврши со поделба на стражарските обврски. По два часа стража за секој учесник. Два часа време за размислување во природа во потполна темница со илјадници ѕвезди над глава. Два часа да се запрашаме кои сме, што сме и зошто сме. Непроценливо искуство кое се повторува секоја година.
или ослабеност. Десет минути пред крајот ги допија последните 200 милилитри вода, а некои од нив си ги измија и нозете со неа.
Мислите дека сте доволно силни и цврсти? Сакавте да се „пробате“ и да видите колку сте (сме) вешти? Имате одлично мислење за себе?
убијат сопственото его, ги молиме да не се пријавуваат за семинарот. Дозволена количина на вода за пиење за двата дена:
Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија, како еден од најактивните