Осумнаесет учесници го одбележаа единаесетото издание на „Летниот Нинџа Камп“, што се одржа како и секоја година во Хомбу Доџо-то на Организацијата за изучување на класични јапонски боречки вештини – Пат кон Сонцето.
Тема на овогодинешниот настан беа школите Гјокко рју Кошиџутсу, како и техниките со оружје (Кусари Фундо и Кјокетсу Шоге) од школата Тогакуре рју Нинџутсу.
Легендарниот настан уште еднаш го оправда својот епитет дека важи за еден од најдинамичните и најжестоките семинари кои се организираат во Буџинкан Македонија, а истовремено ги зближува и поврзува сите членови на доџото.
На последниот ден од кампот, учителот Игор Довезенски ги обзнани темите за 2020 година – Такаги Јошин рју Џутаиџутсу (Окуден Гата) и Кукишинден рју Хаппо Бикенџутсу (Рокушаку Бо).
Летен Нинџа Камп. Легендарен настан кој останува врежан во секое Воинско срце!