На покана од советот на Град Скопје и на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, членовите на Организацијата „Пат кон Сонцето“ вчера одржаа демонстрација на своите вештини во Градскиот Парк во главниот град на Република Македонија.
Во демонстрацијата учество земаа најмалите воинчиња на „Нинџа Клинци“, потоа ветераните на Буџинкан Македонија, како и членовите на Катори Шинто рју Македонија.
На крајот од презентацијата, тимот на Шиноби Таисо одржа бесплатен час за јапонска јога (џунан таисо), при што поголема група на граѓани со задоволство се приклучи на тренингот.
По завршувањето на настанот, на нашето доџо му беше доделена благодарница и истовремено покана за уште една демонстрација за „Цветниот Фестивал“ што повторно ќе се одржи следната година.