Вчера во дворот на Хомбу Доџото на Организацијата за изучување на класични јапонски боречки вештини – Пат кон Сонцето, се одржа семинар посветен на борбените техники со голем самурајски воен чекан (Отсучи).
Инаку, ова необично и за жал помалку заборавено орудие се вежба во состав на јапонската класична школа Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу. Учителот Игор Довезенски смета дека членовите на доџото веќе ја имаат потребната подготовка и искуство за да започнат едно ново поглавје на проучување и изучување на техниките на големиот самурајски воен чекан.
Следната авантура за Воините на Буџинкан Македонија ќе се одржи за две недели, при што ќе се посети кањонот на штипска Брегалница, во склоп на семинарот 10.000 години П.Н.Е.