Една недела по одржаната демонстрација и предавање во Младинскиот Културен Центар во Скопје, учителот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, одржа уште една, овој пат во Центарот за култура „Асном“ во Гостивар.
Колку за потсетување, Довезенски беше ангажиран од страна на продуцентската куќа „Катавеј“ како технички консултант и предавач за потребите на промоцијата на данскиот долгометражен цртан филм – „Кариран Нинџа“.
На предавањето во Гостивар, беа присутни десетина дечиња кои заедно со своите родители внимателно го следеа предавањето за историјата, традицијата и специфичностите на класичните јапонски боречки вештини.
По завршувањето на настанот, Довезенски се заблагодари на своите ученици Марко Опачиќ, Владимир Антовски, Михаил Дракалски и Таки Гаковски за помошта што несебично ја пружаат при секој ангажман на доџото „Пат кон Сонцето“.