Третиот летен „Детски Нинџа Камп“ донесе нови авантури и уште повеќе го зголеми знаењето кај нашите најмлади вежбачи.
За време на седумдневниот велелепен настан, Нинџа Клинците на Буџинкан Македонија имаа можност да ја вежбаат школата Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу, како и техниките со средновековното јапонско оружје – Кусари Фундо.
Убавата атмосфера и одличниот тренинг беа надополнети со прекрасните дружења, екскурзии, како и неверојатната караоке забава која традиционално се одржува за време на последната вечер од настанот.
Се гледаме следната година на четвртото издание на кампот.