Шестмина преживеаја

Posted on Categories Почетна

Успешно заврши уште еден семинар за преживување во природа. Шестмина преживеаја.
Во текот на првиот ден, температурата на воздухот се искачи над 40-тиот степен. Тие што ги послушаа и применија советите на интрукторот околу начинот на трошење на дозволените еден ипол литар вода, се покажа дека имаат најголеми шанси за опстанок во природа.

Семинарот започна со утрински тренинг, по што, се пристапи кон изградба на засолништа кои што имаа за цел да овозможат подобри шанси за преживување во природата. По изградбата, kamp2.jpgсекој од учесниците доби оброк што се состоеше од три речни школки и едно речно ракче (уловот). За десерт, секој од учесниците доби по три сливи. Тоа беше храната за целиот саботен ден.
По оброкот, се вежбаа техники на одбрана од оружје со оружје (Буки Мамори Буки), а потоа се продолжи со гаѓање од лак и стрела. Освен тоа што ги подучуваше од технички аспект, во текот на целиот ден, инструкторот Игор Довезенски им го пренесуваше своето знаење на учесниците и преку усно предавање (Куден). Се разговараше околу важноста и учеството на умот во ситуации на преживување во природа, како и за историјата на нинџутсу и нејзиното значење во средновековна Јапонија (но и подоцна).

Околу 17.30 часот, тројца од учесниците се откажаа од понатамошното „преживување“. Топлината, жеддта и напорот си го направија своето. Им посакуваме повеќе успех следната година.

kamp1.jpgТренингот продолжи до доцна во ноќта. Во отсуство на месечина и во целосен мрак се вежбаа техники за медитација и за будење на сетилото за опасност (Харагеи). Вечерта заврши со поделба на стражарските обврски. По два часа стража за секој учесник. Два часа време за размислување во природа во потполна темница со илјадници ѕвезди над глава. Два часа да се запрашаме кои сме, што сме и зошто сме. Непроценливо искуство кое се повторува секоја година. 

Откако се „наспавме“ (по три часа сон на хартија), денот започна со вежбање на осумте правци на сечење со меч (Хаппо Гири Кенџутсу).

Потоа дојде величенствениот момент. Медитација на изгрејсонце. Го чуствуваш секој зрак што го раѓа новиот ден. Влегува директно под кожа и ја надокнадува изгубената енергија.

И цел ден така. Тренинг, тренинг, тренинг. Натревар во фрлање шурикени. Натпревар во гаѓање со лак и стрела. И традиционалното чмаење со кое што секоја година се чека часот пред офоцијалното завршување на семинарот.

Како и секогаш, се покажа дека редовниот тренинг и искуството односно времето поминато во нашето доџо даваат најмногу шанси за успех. Тренингот дава, тренингот зема, тренингот разболува, тренингот лечи.
Се покажа дека предвидувањата на сенсеи Довезенски беа точни. Ветераните го завршија семинарот без никакви знаци на замор kamp3.jpgили ослабеност. Десет минути пред крајот ги допија последните 200 милилитри вода, а некои од нив си ги измија и нозете со неа.
Изненадување на семинарот беше д-р Петар Давитков, кој иако почетник (9 кју), постојано ги бодреше останатите „гуштери“ да издржат и да продолжат понатаму. Неговата редовност на тренинзите се покажа како успешен рецепт за добрата подготвеност на телото и на умот (еден пропуштен тренинг за шест месеци).

На крајот, ќе Ви пренесеме дел од писмото што денес ни го испрати нашиот ученик Карл Кампо од Канада (кој успешно го заврши семинарот):

“Сенсеи,
благодарам многу за овој тренинг за преживување. Научив многу за себе овој викенд. Освен некои физички слабости, најважни се менталните. Уште повеќе, никаков физички тренинг во доџо или сала за вежбање не гарантира успех во природа. Можеби дава подобра шанса, меѓутоа не гарантира.
Јас станав свесен за некои од своите ментални слабости за време на викендов. Не зборував многу за да си ја зачувам енергијата. Ова е моја стратегија кога сум уморен. И додека молчењето си има свои предности, исто така си има и пречки. Не ти се подобрува духот. И секако, не можеш да бидеш водач. Забележав како Вие ги задржавте луѓето мотивирани со вашиот ведар дух. Тоа е добар пример за мене. И тоа е токму она каде што ќе пробам да се подобрам во иднина.„