Мислите дека сте доволно силни и цврсти? Сакавте да се „пробате“ и да видите колку сте (сме) вешти? Имате одлично мислење за себе?
Ние имаме одличен тест за Вас. Само за најупорните, најсилните, најхрабрите и најиздржливите…
Буџинкан Македонија и Пат кон Сонцето (хомбу доџо) ви го најавуваат традиционалниот
летен нинџа семинар на тема:
Преживување во природа
Два дена во природа без да носиме со себе храна, вода, облека и хигиенски средства. Два дена вежбање, медитација и голо преживување.
Место: Смкнено (26 км. до најблискиот град и болница / пустински услови)
Време: 25 и 26 јули, 2009 година
Цена: 1.000 денари (за двата дена)
Поаѓање: сабота во 07.30
Враќање: само Господ знае
Дозволена опрема: вреќа за спиење,
шаторско крило, војничка униформа (панталони и кошула),
една маица, капа, еден пар гаќи (широки), еден пар чорапи, јаже, нож,
матарка и оружја за тренинг кои можете и сакате да ги понесете.
Важно: забрането носење храна,
вода и останати работи кои не се наведени погоре. Пред поаѓање,
ќе има задолжителна проверка.
Најважно: семинарот е предвиден само за цврсти момци и девојки. Условите за тренинг ќе бидат исклучително тешки, а дисциплината ќе биде железна. Тие кои не се чуствуваат психофизички спремни за во пекол и кои не се подготвени да го убијат сопственото его, ги молиме да не се пријавуваат за семинарот. Дозволена количина на вода за пиење за двата дена:
1.5 литри. Имајте во предвид дека температурата на воздухот може да се искачи над
45 целзиусови. Забрането седнување на задник за време на семинарот (во текот на двата дена). Само три часа спиење, останатото време тренинг.
Ново: Заради „позабавни“ моменти, од оваа година ќе се менува заповедничката структура за време на семинарот. Учесниците ќе бидат поделени на две групи односно ќе добијат звања чунин и генин (кои ќе важат само за време на семинарот „преживување“). Звањето чунин ќе го носат учениците кои досега учествувале на три семинари за преживување и на некој начин полека стануваат стари волци (ветерани). На нив ќе им биде дозволено да пијат повеќе храна и вода од предвидените еден ипол литар, но само доколку ја обезбедат од природата. Истовремено, чунин-ите ќе се грижат околу обуката на генин-ите, кои всушност се почетници (гуштери) и досега учествувале на помалку од три семинари на тема „преживување во природа“.
Пријавување и плаќање до
23 јули кај секретарот на клубот.
За било какви дополнителни информации, не воздржувајте се да не контактирате преку нашиот е-меил.
Ве молиме без плачење за време на семинарот.