Успешно завршен семинарот БуЈу Каи

Posted on Categories Почетна

Уште еден успешен семинар организиран од страна на Буџинкан Македонија. Овој пат одржан од страна на нашиот пријател од Чешката Република, Филип Бартош.

Иако пред две недели имавме најавено околу 30-тина учесници на семинарот, од кои голем дел од соседните земји, во последен момент 16112009015238Bartos_4.jpgтие го откажаа своето учество поради појавата и ширењето на свинскиот грип во нашата држава. Сепак, тоа не ги поколеба петнаесетината ученици на Буџинкан Македонија да ја проучуваат школата Шинден Фудо Рју Џутаиџутсу. Во текот на двата дена, успеавме да ги поминеме сите кати од сите три нивоа на оваа рју ха: шоден, чуден и окуден.
Мајсторот Филип Бартош несебично го подели своето знаење со нашите ученици кои со голем жар ги вежбаа шеесетината кати на оваа стара школа, која изобилува со техники на фрлање (наге ваза).

16112009015230Bartos_3.jpgКако и секогаш, дружењето беше прекрасно, атмосферата во доџо-то весела, а во текот на слободното време не изостанаа ниту посетите на скопските ресторани и кафулиња, познати по одличната храна и амбиент.
Благодарност до сите учесници и гости на семинарот.