Women Self-defense Workshop® VI held

Posted on Categories Uncategorized

Although by number the smallest so far, by atmosphere, quality, and content, the sixth in a row „Women Self-defense Workshop“ didn’t fall behind from the previous ones.

The first day of the Workshop was dedicated to techniques for self-defense from an attacker that tries to commit violence and to insert fear, as well as techniques for defense when the victim is taken down to the ground. On the second day, the participants focused more on techniques for getting free from grips on the ground, as well as controlling the opponent that is trying to commit a sexual assault. 
As always, the atmosphere during the Workshop was perfect, and the training was filled with lots of laughter and positive energy. During the breaks, apart from socializing, the participants climbed the near hill known as „Papine Chuke“, where they enjoyed the clean air and the untouched nature that surrounds the Hombu Dojo of the Organization dedicated to the study of Japanese martial arts „Taiyou e no Michi“.

Одржана Работилницата за Самоодбрана за Жени® VI

Posted on Categories Почетна

Иако по бројот на учеснички најмала досега, според атмосферата, квалитетот и содржината, шестата по ред „Работилница за Самоодбрана за Жени“ воопшто не заостануваше од претходните. 

Првиот ден од Работилницата беше посветен на изучување на техники за самоодбрана од напаѓач кој со удари се обидува да изврши насилство и да внесе страв, како и техники на одбрана кога жртвата е соборена на земја. За време на вториот ден, учесничките повеќе се концентрираа на техники за ослободување од зафати на земја, како и контрола врз противникот кој се обидува да изврши сексуален напад. 
Како и секогаш, атмосферата за време на Работилницата беше совршена, а тренингот исполнет со многу смеа и позитивна енергија. За време на паузите, покрај дружењето, учесничките се искачија на блискиот рид познат под името „Папине Чуке“ каде што уживаа во чистиот воздух и недопрената природа која што го опкружува Хомбу Доџо-то на Организацијата за изучување на традиционални јапонски боречки вештини „Пат кон Сонцето“. 

Women Self-defense Workshop® VI

Posted on Categories Uncategorized

The successful story that begun in 2008, known as „Women Self-defense Workshop“, for the sixth time is going to educate those who belong to the gentler sex on how to protect themselves in case of an attack or a physical abuse. 
That year, the Organization dedicated to the study of Japanese martial arts „Taiyou e no Michi“, for the first time in Macedonia organized an event of this kind and since then the Workshop became a synonym and a place where girls and women can learn techniques for self-defense from unwanted situations. 
On 25th/26th October, the sixth Workshop will take place, titled: „With control – to victory“.
Although this event first opened only for our female members, during the years others that belong in the gentler sex started participating, regardless of their years or their level of knowledge.

Required equipment: sweatpants and a t-shirt (without zippers and buttons). We train on mats (barefoot). For all participants a freestay in the dojo is arranged.

Date: 25th/26th October, 2014
Location: Taiyou e no Michi – Hombu Dojo (62 km. from Skopje)
Additional information: 077 976 906 or by e-mail: daito_macedonia@yahoo.com
We kindly ask you not to feel pressured about asking any questions.

Работилница за Самоодбрана за Жени® VI

Posted on Categories Почетна
Успешната приказна што започна во 2008 година, позната како „Работилница за Самоодбрана за Жени“, по шести пат ќе ги едуцира припадничките на понежниот пол за тоа, како да се заштитат себеси во случај на напад или физичко злоставување.

Таа година, Организацијата за изучување на јапонски борбени вештини „Пат кон Сонцето“, за прв пат во Македонија организираше ваков настан и оттогаш Работилницата стана синоним и место каде што девојките и жените можат да научат техники за самоодбрана при несакани ситуации.

На 25/26 октомври, ќе се одржи шестата по ред Работилница, со наслов: „Со контрола – до победа“

Иако настанот започна да се организира првенствено за нашите членки, низ текот на времето се поголемо учество земаа сите припаднички на понежниот пол, без разлика на годините или на нивото на знаење.

Потребна опрема: тренерки и маица (без патенти и копчиња). Се вежба на душеци (боси). За сите учеснички обезбедено е бесплатно спиење во доџо-то. 

Датум на одржување: 25/26 октомври, 2014

Место: Пат кон Сонцето – Хомбу Доџо (62 км. од Скопје)

Дополнителни информации: 077 976 906 или на е-маил: daito_macedonia@yahoo.com
Ве молиме да не се стеснувате при поставувањето на прашањата.

„Nihon no Kankaku“ seminar held

Posted on Categories Uncategorized

During the seminar titled „Nihon no Kankaku“, shidoshi Igor Dovezenski tried to transfer some of the kata that he learned from his teacher during his recent trip for imrpovement in Japan. Besides that, he tasked himself with a tranferrance of his experiences acquired during his trip in The Land of The Rising Sun.
The first day of the seminar passed with training of the techniques from the rich heritage of Takamatsu Toshitsugu, that today are a part of the organization „Bujinkan Dojo“. The participants enjoyed the training with sword (katana), staff (bo), dagger (kunai) and weighted chain (kusari fundo).
The night was reserved for a lecture of Japanese culture and tradition, backed with many photos and clips that the instructor of „Taiyou e no Michi“ took in the land of the samurai.
The second day was dedicated to Daito ryu Aikijujutsu, as well as to kata from other classical martial arts that Dovezenski practiced with well-known and renowed Japanese teachers.
Immediately after the seminar some of the participants tried to transfer some of their feelings:
– I can say that this one might have been one of the most complex seminar that I’ve been to in the Hombu Dojo and that required physical and mental stamina. It was filled with many techniques, with and without weapons, and as a bonus we got to experience a new koryu school that sensei trained in Japan. Her kata were as if you dance with your opponent, as a calm water that brings you to the waterfall from which there is no escape.
The Saturday night we had the opportunity to get to know Japan through photos, videos, and kuden.
Definitely an amazing country that has to be visited. (Vladimir A.)
– This is my second seminar in Hombu, and I must say I had a great time. From the kata we trained there was something for everyone. Rough, gentle, or elegant… a for everything else we have the kunai :))) I really love this weapon and it was great that I could refresh my technique with it. I really liked the evening presentation, even though I was tired. Sensei was so into it, that he transferred all of us in Japan for a brief moment. All in all, a great weekend seminar, 10 out of 10, would do it again 😀 (Blagica S.)
– It is completely different to have a training in the dojo in Skopje and in the Hombu Dojo. For these two days we had 12 hours of training + 4 hours interactive presentation of Senseis’ trip to Japan. There were many kata, techniques, weapons, falls and rolls, that you simply get a feeling that you wouldn’t do anything else except training. And there is no other clothing except keiko gi, there is no other place under the Sun for you except the beautiful nature over there, and you don’t need other company except your friends from the dojo.  Trully!
To train with that many sempai is wonderful, I thank all of them for everything they share with us, the younger. There you have as much time as you want to try again and again, to ask some of the elder. Sensei is always with us for a conversation, for training, for joking and laughter 🙂 For those two days you fall and get up over a 1000 times, you get a quality beating (I returned with inflammation of my shoulders and back), but the feeling is amazing, you feel purified physically, mentally, and spiritually, you develop a new apetite for discovering and understanding of the arts, your love and the need for coexistence grows, you strenghten you body and your spirit, you have a great gratitude towards life for that you simply breath, move, live…
I really liked the kunai and the kusari fundo (I tried them for the first time). You can notice your weaknessess where you haven’t paid much attention before. Kamae! Kuzushi! Kiai! The new school opened a different window for us, the tales of Japan were magical, fascinating, but for that there is more to be told!!!
All in all, the concept for the two days was excellent, for me personally the time flew by quickly and I didn’t want to return to Skopje. One of the richest seminars in content with the greatest company! 🙂 (Sanja S.)
– A great seminar, excellent techniques, good times. Each training – three hours, filled with a lot of material. We had the opportunity of seeing some other Koryu schools. I got to know a lot of new weapons. My head knows best from the strike with the bo :))) But it was worth it, it really was. Thank You Sensei for the great techniques and a great weekend (Taki G.)

Одржан семинарот „Нихон но Канкаку“

Posted on Categories Почетна

За време на семинарот насловен како „Нихон но Канкаку“, шидоши Игор Довезенски се обиде да пренесе дел од катите што тој ги научи од своите учители за време на неодамнешното усовршување во Јапонија. Покрај тоа, тој си зададе задача да пренесе малку и од личните чувства здобиени во текот на патувањето во Земјата на изгрејсонцето. 

Првиот ден од семинарот, помина во вежбање на техниките од богатото наследство на Такаматсу Тошитсугу, кои денес се дел од организацијата „Буџинкан Доџо“. Учесниците уживаа во тренингот со меч (катана), стап (бо), бодеж (кунаи) и ланец со тегови (кусари фундо). 
Вечерта, пак, беше резервирана за предавање за јапонската култура и традиција, поткрепено со многу фотографии и клипови кои инструкторот на „Пат кон Сонцето“ ги направи во земјата на самураите. 
Вториот ден беше резервиран за Даито рју Аикиџуџутсу, како и за кати од други класични боречки вештини кои Довезенски ги вежбал со познати и реномирани јапонски учители.
Веднаш по семинарот и дел од учесниците се обидоа да пренесат малку од своите чувства:
-Можам да кажам дека ова беше можеби еден од најкомплексните семинари на кој сум присуствувал во Хомбу Доџо и за кој беше потребна и физичка и ментална сила. Беше исполнет со многу техники, со и без оружје, а како бонус ни беше претставена и нова корју школа која сенсеи ја вежбал во Јапонија. Нејзините кати беа како играње танц со противникот, како мирна вода која те носи до водопат од кој ти нема спас. 
Саботата вечер имавме можност да се запознаеме со Јапонија преку слики, видеа и куден. Дефинитивно неверојатна земја која мора да се посети. (Владимир А.)
-Ова ми е втор семинар во Хомбу и морам да кажам дека супер си поминав. Од катите што ги изучувавме имаше по нешто за сечиј вкус. И грубо и нежно и елегантно… а за се останато тука е кунаи-то :))) Многу го сакам ова оружје и ми дојде добро што се потсетив. 
Вечерната презентација многу ми се допадна, иако бев изморена. Сенсеи толку беше внесен во раскажувањето, што успеа сите накратко да не пренесе во Јапонија. Се на се, одличен викенд семинар, 10 out of 10, would do it again 😀 (Благица С.)
-Сосема е различно да имаш тренинг во доџото во Скопје и во Хомбу. За овие два дена имавме околу 12ч тренинг + 4ч интерактивна презентација на патувањето на Сенсеи во Јапонија. Имаше толку многу кати, техники, оружја, паѓања и тркалања што едноставно добиваш чувство дека не би правел ништо освен да вежбаш. И нема друга облека освен кеико ги и нема друго место под Сонцето за тебе освен прекрасната природа таму и не ти треба друго друштво освен клубските другари. Сериозно!
Да се вежба со толку многу семпаи е прекрасно, им благодарам за се што споделуваат со нас помладите. Таму имаш време колку сакаш за повторно и повторно да пробаш, да прашаш некој од постарите. Сенсеи е цело време со нас и за разговор и за тренинг и за шега и смеа 🙂 За тие два дена паѓаш и стануваш над 1000 пати, јадеш ќотек квалитетно (си дојдов со воспаление на целиот рамен дел и грб), ама чувството е неверојатно, се осеќаш прочистен физички, ментално и духовно, ти се отвараат нови апетити за осознавање и разбирање на вештините, ти се зајакнува љубовта и потребата за соживот, се зајакнува телото и духот, имаш огромна благодарност кон животот затоа што едноставно дишеш, движиш, живееш…
Инаку многу ми се допаднаа кунаи и кусари фундо (прв пат ги пробав). Си ги гледаш слабостите, гледаш каде не си обрнал доволно внимание. Камае! Кузуши! Киаи! Новата корју школа ни подотвори поинаков прозорец, раскажувањето за Јапан беше магично, фасцинантно, но за тоа има уште што да се раскажува!!!
Се на се, концептот за двата дена беше одличен, мене лично времето ми помина многу брзо и не ми се враќаше во Скопје. Еден од најсодржајните семинари во најубавото друштво! 🙂 (Сања С.)
-Одличен семинар, одлични техники, одличен помин. Секој тренинг по три саати, исполнет со многу материјал. Имавме можност да видиме како изгледаат и некои други корју школи. Лично јас се соочив со многу нови оружја. Главата најдобро ми знае од стапот што го окркав :))) Ама се вредеше, навистина. Ви благодариме Сенсеи за добрите техники и за убавиот викенд. (Таки Г.) 

„Nihon no Kankaku“ seminar

Posted on Categories Uncategorized

After his return from Japan, shidoshi Igor Dovezenski is organizing a seminar on subject „Nihon no Kankaku“ (Feeling from Japan). On this seminar, we plan on training techniques that the instructor learned and honed during his stay with the teachers at the Land of the Rising Sun.

Despite the techniques from the schools of Bujinkan and Daito ryu, instructor Dovezenski is going to teach kata from other kobudo ryu-ha that he had practiced during his stay in Japan.

In the evening, photos and videos that the instructor took in the various dojos, museums and temples will be presented, as well as from his visit of the graves of Iizasa Choisai Ienao (the founder of Katori Shinto ryu) and Ono Jiroemon Tadaaki (the founder of Ono ha Itto ryu).

On this seminar everyone is invited, regardless of their title or style they practice.

Date: 11th/12th October (2014)

Location: Taiyou e no Michi – Hombu Dojo

Required equipment: keiko gi and hakama (for yudansha), bokuto (katana and wakizashi), bo, hanbo, kusari fundo (from a rope) and kunai (wooden). In case someone lacks something, he could use the equipment of the dojo.


– first training 10.30-13.30
– second training 17.30-20.30
– video presentation and lecture from 21.00

– first training 09.30-12.30
– second training 15.30-17.30

Applying and information by e-mail, phone or on the Forum.

„Нихон но Канкаку“ семинар

Posted on Categories Почетна

По враќањето од Јапонија, шидоши Игор Довезенски ќе одржи семинар на тема „Нихон но Канкаку“ (Чувството од Јапонија).
На семинарот ќе се обработуваат техниките што инструкторот ги изучувал за време на усовршувањето кај своите учители во Земјата на изгрејсонцето.

Покрај техниките од школите на Буџинкан и од Даито рју, инструкторот Довезенски ќе подучува и кати од други кобудо рју-ха кои ги вежбал за време на престојот во Јапонија. 

За време на вечерните часови, ќе бидат презентирани фотографии и снимки кои инструкторот ги направил во разните доџо-а, музеи и храмови, како и при посетата на гробовите на Иизаса Чоисаи Иенао (основачот на Катори Шинто рју) и на Оно Џироемон Тадааки (основачот на Оно ха Итто рју). 

На семинарот се поканети сите, без разлика на звањето или на стилот што го вежбаат.

Ден: 11/12 октомври (2014)

Место: Пат кон Сонцето – Хомбу Доџо

Потребна опрема: кеико ги и хакама (за јуданши), бокуто (катана и вакизаши), бо, ханбо, кусари фундо (од јаже) и кунаи (дрвено). Доколку на некого му недостасува дел од опремата, ќе може да ги користи тие на доџо-то.  


-прв тренинг: 10.30-13.30
-втор тренинг 17.30-20.30
-видео презентација и предавање од 21.00

-прв тренинг: 09.30-12.30
-втор тренинг 15.30-17.30

Пријавување и информации преку инбокс, телефон или на Форум.