Силата на Јари - Почеток

Posted on Categories Почетна

Дојде време за одржување на овогодинешниот традиционален семинар за борба со копје (Со Џутсу).
Како што веќе знаете, за време на овој настан, учениците на Буџинкан Македонија ги изучуваат тајните на борба со копје (јари).

Секоја
година, инструкторот Игор Довезенски предава нови аспекти од вештината, откривајќи нови техники, начини и стратегии при користењето
на ова оружје.

15032013080339yari%20kjh.jpgОваа година, повторно ќе се вратиме на почетоците односно на основата, а тоа е одлична можност за сите кои досега не се запознале со копје-то.

„Школото Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу
ги користи следниве оружја: Јари (копје), Оно (воена секира), О Тсучи (голем
чекан), Тачи (меч) и Нагината. Легендата вели дека една вечер демон (Тенгу) му
дошол на сон на основачот на вештината и го научил како да се бори со Јари.
Овие техники и ден-денес се сметат за најголема тајна на школата.„

На семинарот можат да учествуваат сите ученици на
доџо-то Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето.

Потребна опрема за вежбање: бокуто и
јари

Тема: Силата на Јари – Почеток

Ден: 31.03.2013 (недела)

Место: Слепо Коло

Програма:

08.00 часот – поаѓање од Скопје

09.00 часот – пристигнување

10.00 -16.00 часот –
теоретски и практичен дел

17.00 враќање назад

Игор Довезенски - одговорен за развојот на Даито рју во Југоисточна Европа (Балкан)

Posted on Categories Почетна

Со одлука на мојот учител за Даито рју
Аикибудо, шиханот Антонино Черта, јас (Игор Довезенски, шидоин) сум
овластен да ја претставувам организацијата European Daito Kai во
регионот на Југоисточна Европа односно во земјите на Балканот.

Ги
повикувам сите заинтересирани лица кои сакаат да ја 01032013042627sga.jpgпреземат
одговорноста за ширењето на вештините Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха
Итто рју Кенџутсу (Такеда ден) во својата земја, да ме контактираат на мејлот: daito_macedonia@yahoo.com

Предност имаат водачите на клубовите кои се мои лични пријатели односно
негуваат пријателски односи со Буџинкан Македонија. Лицата кои се ловци
на дипломи и звања односно кои сакаат да постигнат успех преку ноќ, без
напорен тренинг, ги замолувам да не ме контактираат.

Инаку,
European Daito Kai е основана од страна на Антонино Черта, по барање на
неговиот учител Като Шигемитсу Соши, со цел да се шири учењето на Даито
рју Аикиџуџутсу низ земјите на Европа, на начин како што со векови
наназад се вежбалo во кланот Аизу.

Сенсеи Черта е единствениот
нејапонец во светот кои се здобил со титулата шихан, директно во доџо-то
Даитокан во градот Абашири. Тој најпрвин бил прифатен за ученик на
последниот соке Токимуне Такеда, а по неговата смрт, почнал да вежба со
сенсеи Като Шигемитсу.

Ова е одлична прилика да станете дел од
историјата на една од најстарите јапонски боречки вештини, која што е
позната како мајка на Аикидо-то. Бидете тој што ќе биде одговорен за
организирањето на Даито рју Аикиџуџутсу во својата земја и претставник
на European Daito Kai.

Игор Довезенски
шидоин, Даито рју Аикибудо
шидоши, Буџинкан Будо
 

Одржан семинарот за Иаиџутсу

Posted on Categories Почетна

24022013152744iaih.jpgИако
беше најавен за во природа, сепак семинарот за иаиџутсу се одржа во Хомбу
Доџо-то на Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето. 

Причина за тоа беше дождот што паѓаше во текот
на денот и опасноста да ги намокри, а со тоа и да ги оштети (’рѓа) катаните кои беа
користени во текот на вежбањето.

На семинарот, учесниците имаа можност да се запознат со три начини на
извлекување на самурајскиот меч (нуки учи), како и со четири начини на негово чистење
за време борба (чибуруи).

Покрај тоа, беа вежбани и начини на сечење со катана, како и девет борбени
сценарија (кати).

За време на предавањето, шидоши Игор Довезенски се потруди да ги пренесе сите тајни на брзо и ефикасно извлекување на мечот, како и истовремено сечење со него. Учениците покажаа одлична концентрација, а нивната посветеност придонесе правилно да ги разберат техниките на оваа традиционална јапонска борбена вештина.

Викендов во Скопје одржан Наге Ваза семинар

Posted on Categories Почетна

18022013044803Nagevza.jpgШидоши Игор Довезенски, вчера одржа семинар на тема Наге Ваза (Техники на фрлање на противникот).
Ги пренесуваме импресиите на шидоши хо Марко Опачиќ, објавени веднаш по настанот на клупскиот Форум:

-„Му благодарам на сенсеи што одржа еден одличен семинар и несебично го
подели своето знаење. Тој успеа да ги
задоволи сите вкусови на учесниците, кои очигледно уживаа во текот на
сите четири часа. Темпото не спадна, а желбата за вежбање беше огромна кај сите, од
шошинша, до семпаи.
Семинарот заврши безбедно, што е најбитно, а
падовите се усовршија уште повеќе. Имаше речиси се што може да се најде
во Наге Ваза : сутеми, отоши, каитен и сето тоа „скоцкано“ во неколку часа кои поминаа многу брзо.
Почетниците кои
присуствуваа имаа можност да видат како треба да се вежба на вистински
начин и да видат до каде се со нивното знаење. Сметам дека ова беше добра мотивација за
нив да продолжат и понатаму со напорна работа.“

Семинар во природа: Иаиџутсу - вештина на извлекување на јапонскиот меч

Posted on Categories Почетна

„Велат дека Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу е една од 09022013052508gjh.jpgнајстарите школи за иаиџутсу. Извлекувањето на мечот е базирано на природните движења на телото со цел да се обезбеди динамичен и изненадувачки напад врз противникот“.

На 24 февруари (недела), шидоши Игор Довезенски ќе одржи семинар на тема: Иаиџутсу – вештина на извлекување на јапонскиот меч.

Семинарот е отворен исклучиво за членовите на организацијата Пат кон Сонцето односно за учениците на доџо-то Буџинкан Македонија.

Ден: 24.02.2013 (недела)

Место: Долња Река
(во случај на влага, семинарот ќе се одржи во Хомбу Доџо-то заради заштита на мечовите)

Опрема: бокуто (по можност со саја)

Програма:

08.00 часот – поаѓање од Скопје

09.00 часот – пристигнување

09.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел

17.00 враќање назад

Пријавување на и-мејл, на телефон, во доџо или на Форум.

Одржан семинарот „Начини на преживување во природа III“

Posted on Categories Почетна

28012013045434fiaj.jpgДалеку од градската врева, на температура под нулата и во услови на снег, вчера се одржа зимскиот нинџа тренинг „Начини на преживување во природа“.

Во текот на осумте  часа колку што траеше семинарот, инструкторот на Буџинкан Македонија несебично го споделуваше своето знаење со учесниците на настанот.

Семинарот започна со подучување на техниките на изградба на засолниште со помош на материјалите кои природата ги обезбедува и без било какво орудие или врзивен материјал.

Потоа се вежбаа техниките за палење оган во зимски услови и пренесување на истиот од една до друга локација.

По ова следеше предавање за психологијата при преживувањето и пружањето на прва помош на лица кои западнале во хипотермија или кои премрзнале.

Не изостанаа ниту техниките за острење на нож, изработка на оружје, користење на различни чворови со јаже, подготвување на стапици, но и лекциите за начините за обезбедување на храна и вода.

Од целата предвидена програма за овој семинар, инструкторот не успеа да ги сподели техниките за повик за спас, бидејќи поради многубројните прашања од учениците, времето брзо „летна“ и ноќта почна да се спушта над шумата Млака.

Шидоши Довезенски соопшти дека следната година ќе има тестирање на досегашните учесници на кое тие ќе треба да го покажат наученото знаење за техниките на зимско преживување. 

Одржан семинарот „Таи Сабаки и Каеши Ваза“

Posted on Categories Почетна

13012013123341nhin.jpgПод водство на шидоши Игор Довезенски, викендов во Скопје се одржа семинар со наслов: Таи Сабаки и Каеши Ваза.

За  време на семинарот, учесниците имаа можност во најситни детаљи да ги усовршат движењата кои се користат во школите на Буџинкан, но и во другите јапонски традиционални вештини кои инструкторот Довезенски ги изучува.

Со овој настан ја отворивме богатата сезона на семинари, интензивни тренинзи и Работилници, кои планираме да ги одржиме во текот на годината.   

„Таи Сабаки и Каеши Ваза“ семинар во Скопје

Posted on Categories Почетна

По најавата за првиот семинар во природа, еве ја и најавата за првиот семинар во доџо.

Сите кои сакаат да го усовршат своето движење, како и да научат како да го избегнат нападот на противникот и при тоа да контрираат на неговата техника, ова е одлична можност.

Овој семинар ќе понуди многу повеќе од Вашата првична замисла. Всушност, сфатете го како длабинско копање низ тајните на основите на корју-то.

Време:

12/13 јануари
11:00-13:00 / 15:00-17:00 (двата дена)

Место:

Буџинкан Македонија

(Хигаши Шибу Доџо-Скопје)

Опрема: бокуто или шиноби гатана со саја

Повеќе информации на: daito_macedonia@yahoo.com
или кај Вашите инструктори.

Начини на преживување во природа III / Зимски нинџа тренинг

Posted on Categories Почетна

Традиционално, како и секоја година, ова е првиот клупски семинар во природа.
Познавањето на начините на зимско преживување се од исклучително значење, а нивното совладување е обврзно за секој вистински воин.

Покрај повторувањето на техниките од минатата година, на 27 јануари (2013) учесниците на семинарот ќе имаат можност да научат:

-засолништа и колиби04012013120345prez.jpg

-психологија на преживување

-палење оган

-пренесување оган

-изработка на оружје

-острење нож

-прва (медицинска) помош

-повик за спас

-чворови

-обезбедување вода и храна
-стапици

Потребна опрема: нож.

Предупредување:
температурите најверојатно ќе бидат во минус. Теренот е отворен и
ветровит. Присуство на диви животни во овој период од годината е
нормална појава. Најмалку седум часа без престан ќе бидете изложени на
екстремно ладно време.

Понесете со себе топла облека.

Ден: 27.01.2013 (недела)

Место: Млака

Програма:

08.00 часот – поаѓање од Скопје

09.00 часот – пристигнување

09.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел

17.00 враќање назад

Семинарот е отворен за сите. Прашања и пријавување на и-мејл, на телефон, во доџо или на Форум.

Извештај за 2012 година

Posted on Categories Почетна

Во изминативе години, годишните
извештаи за нашата организација покажуваа постојан напредок и развој. Оваа
година, иако во глобала беше доста успешна, за прв пат можеме да кажеме дека стопроцентно
не сме задоволни од резултатите.

Да почнеме со меѓународните семинари.

29122012182755mario.jpgОрганизиравме и поканивме само еден
мајстор со светско реноме да подучува во нашето доџо. Станува збор за Марио Де
Мол од Белгија, инаку највисок ранг во организацијата Џиненкан. Иако ние сме
членка на организацијата Буџинкан, отворени сме и имаме желба да соработуваме и
да разменуваме искуство со сите квалитетни будоки кои имаат капацитет и знаење.
Инаку, Марио Де Мол е посебна приказна. Станува збор за личен пријател на
водачот на Буџинкан Македонија, шидоши Игор Довезенски, со кого речиси и да нема
ден да не контактираат и да разменат мислење на одредена тема. Техниката на
Марио е на многу високо ниво, што е дополнителна мотивација во секое време да
се покани овој мајстор да одржи предавање во нашата земја.

Што се однесува до домашните семинари,
во 2012 година организиравме и одржавме вкупно 12. Шест беа семинари во
природа, додека шест се одржаа во доџо. Од нив, на 11 подучуваше шидоши
Довезенски, додека на еден, предаваа асистентите Марјан Прошев и Марко Опачиќ.

Шидоши хо Прошев, заедно со кохаи Маја
Илиевска, одржаа предавање за првачињата во Основното училиште „Љубен Лапе“, на
тема: Класичните јапонски самурајски и нинџа школи. Нивното предавање, дечињата
го прогласија за најдобро во учебната година.

Најголем успех за 2012-та е
завршувањето на 29122012182810293298_404730226256433_159изградбата на Хомбу Доџо-ото под Липац и неговото пуштање во
употреба. Со напорна работа и многу залагање и жртвување, го завршивме за рекордни 13
месеци. Во него одржувавме дополнителни интензивни тренинзи речиси секој викенд.

Секцијата за Даито рју Аикибудо, која
што работи под закрила на Европската Даито Организација (European
Daito Kai), прерасна во
доџо рамноправно на останатите членки. Како што веќе знаете, во Пат кон Сонцето,
покрај вештините на Буџинкан, се негуваат и други корју школи. Даито рју
Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју Кенџутсу (Такеда ден) се едни од нив и ние сме
среќни што сме единствена организација во Југоисточна Европа каде што може да
се научат овие јапонски класични вештини.

Интерна тема во Буџинкан Македонија беше
Шинден Фудо рју Таиџутсу. Ги „поминавме“ сите кати од сите нивоа и навистина
уживавме во техниките на оваа школа.
Во 2013 година, ќе се фокусираме на Гјокко рју Кошиџутсу, како и на Џутте и Тессен Џутсу.

Во август, го одржавме надалеку
познатиот Летен Нинџа Камп, со 22 учесници од нашата земја и од странство.
Времето поминато на кампот останува засекогаш врежано во спомените, а знаењето
стекнато таму е од непроценлива вредност.

Јавниот интерес за нашата работа останува
голем, но ние и понатаму ги одбиваме сите покани за учество во медиумите.
Нашиот квалитет го докажуваме во доџо и немаме потреба јавно да се експонираме. 

29122012182828shibu.jpgПри крајов на годинава, Буџинкан
Македонија подготви за работа уште едно доџо во Скопје. Сместено е во
просториите на „Рударски Институт“ во населбата Аеродром, а првиот тренинг е
закажан за 4 јануари (2013 година). Доџото е уредено по сите стандарди и
условите во него се навистина одлични.

Во секцијата во Тафталиџе засега
вежбаат петнаесетина ученици. Отсега, па натаму, задолжен за работата во овој
огранок ќе биде семпаи Антон Перчинков (1кју).

Секцијата во Градско, за жал, моравме
да ја затвориме. Причина за тоа, е што нашиот ученик, кој го раководеше овој
огранок, беше повикан да работи во специјалните полициски единици на МВР. Му
посакуваме среќа и успех во работата.

На вчерашното полагање за ученички
степени, нашите членови покажаа огромен напредок. Од напредната група, Антон
Перчинков положи за прв, а Мирон Цали за втор кју.  Во главното доџо на Буџинкан Македонија членуваат околу 30-тина ученици.

Тогаш, каде потфрливме?

Оваа година „загубивме“ неколку
постари ученици. Некои од нив заминаа поради лични причини, а некои ги измори
долгогодишниот напорен тренинг. Со сите нив имаме постојан контакт и го
негуваме пријателството. Посакуваме да соберат сила и да ги продолжат
тренинзите во доџо-то, а вратата за нив ќе биде засекогаш отворена. Токму
нивната загуба ја сметаме за лош резултат и нереализирана цел. Кога со години вложуваш
напор да го подигнеш нивото кај ученикот на секој можен начин, не е сеедно кога
ќе ја слушнеш одлуката дека си заминува.

Но, тоа е составен дел од животот.
Едни заминуваат, други доаѓаат, а тие што остануваат ги делат сите моменти од
Патот.

Иккан!