Инструкторите на Буџинкан Македонија од секцијата „Нинџа Клинци“, во соработка со главниот инструктор на Организацијата за изучување на јапонски класични боречки вештини „Пат кон Сонцето“, организираат еднодневна екскурзија со тренинг во Хомбу Доџо-то на Буџинкан Македонија, лоцирано во долината под планината Липац (62 км. Од Скопје).
Датум: 03 октомври (сабота)
Програма:
– 08:00 поаѓање од Скопје
– 09:00 пристигнување
– 10:00 – 12:00 тренинг во Хомбу Доџо-то
– 12:00 – 12:30 ручек
– 13:00 – 14:00 посета на селско домаќинство со фарма
– 14:00 – 15:00 тренинг со меч (гумиран)
– 15:00 – 16:00 прошетка покрај река
– 17:00 враќање назад
Децата треба да си понесат опрема за вежбање, резервна маичка, вода (за по пат), грицки или банана за ужина, а за ручекот ќе се погрижат луѓето кои се одговорни за работата на Хомбу Доџо-то. За време на екскурзијата, децата постојано ќе бидат придружувани и под надѕор на двајца инструктори (Таки Гаковски и Сања Симонова).
За повеќе информации, обратете се кај инструкторот Таки Гаковски (тел: 071 358 226).