Вкупно 11 учеснички, од кои девет членови на Буџинкан Македонија и две гостинки, викендов ги совладуваа техниките на самоодбрана во Хомбу Доџо-то на организацијата Пат кон Сонцето.
Во текот на саботата, се одржаа два тренинга. Првиот беше посветен на ослободување од зафати за раце и тело, додека на вториот се разработуваа техники на самоодбрана додека жртвата седи на стол.
Во неделата, се изучуваа борбени техники на земја, како и начини на справување со напад кога напаѓачот ќе ја притисне жртвата до ѕид.
За време на целиот настан, во доџо-то владееше неверојатно позитивна атмосфера, а насмевката ниту за миг не се симна од убавите лица. Иако на техниките им се пристапи со огромно внимание, сепак хуморот постојано се провлекуваше и дополнително ги мотивираше учесничките.
Слободното време, дамите го искористија за шетање низ убававата природа што се наоѓа околу доџо-то на Пат кон Сонцето, а инструкторот Довезенски се трудеше да им го направи секој миг посебен.
На крајот беше договорено од 2014-та да има два настани годишно кои ќе бидат посветени исклучиво на припадничките на понежниот пол.
Воините од доџо-то за традиционални јапонски боречки вештини, Буџинкан
планинските
Школото за јапонски традиционални борбени вештини,
дружење ќе бидат
Уште само четири дена не раздвојуваат од стартот на петтиот по ред Летен Нинџа Камп во организација на Школото за класични јапонски борбени вештини – Буџинкан Македонија.
Ја преживеваме последната битка со природата и со тоа ставивме крај на едно прекрасно дружење и себеспознавање. Ставивме крај на едно екстремно тестирање за кое ќе раскажуваат и следните генерации на нашето доџо.
тричасовно спиење, кое всушност е единствениот одмор каде е дозволено целосно седнување односно залегнување.
Стигнавме до крајот. Дојдовме до последниот семинар (седми по ред) „Преживување во природа“ што ќе биде организиран од страна на организацијата Пат кон Сонцето и Буџинкан Македонија.
сноси сопствена одговорност за евентуалните последици настанати по неговото здравје или живот!
Лошите временските прилики проследени со дожд и грмотевици го спречија одржувањето на неделниот семинар Суи Рен, па така тој беше заменет со интензивен тренинг за Иаиџутсу (брзо извлекување и симултано сечење со самурајски меч).