Со голема караоке забава, завчера беше одбележан 20-годишниот јубилеј од основањето на Буџинкан Македонија. Настанот се одржа во скопската винаријата „Картал“, а на него присуствуваа над четиреесет членови на доџо-то.
Одржан меѓународниот Катори Шинто рју семинар под водство на Ерик Лоув
Во организација на Доџо-то за класични јапонски боречки вештини – Катори Шинто рју Македонија, кое е дел од Организацијата „Пат кон Сонцето“, викендов што измина се одржа семинар за Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу. Покрај учесниците од Македонија, специјално за овој настан допатуваа и кобудоки од Холандија и од Романија, со што семинарот се здоби со меѓународен карактер.
Предавач на семинарот беше нашиот учител за оваа најстара документирана јапонска боречка вештина, Ерик Лоув, кој дојде придружуван од тројца свои ученици од Амстердам. Во петокот, тие одржаа специјален тренинг за водачот на Катори Шинто рју Македонија, Игор Довезенски, кој, пак, имаше можност да вежба со сите нив подинечно. Следниот ден, на официјалниот дел од семинарот, се придружија и останатите учесници, меѓу кои и нашите пријатели од Романија, кои неодамна организираа семинар на кој Довезенски ги подучи на основите на ракување со јапонски меч.
За време на седумдневниот престој во Македонија, сенсеи Ерик, заедно со другите учесници, имаа можност да се запознат со културно-историските споменици, но и да уживаат во убавините на нашата прекрасна земја, која, како што тие велат, при секоја посета ги остава без здив.
Одржан семинарот Јуми Ја Џутсу
Уште еден успешен семинар во природа, овој пат на тема Јуми Ја Џутсу (вештина на ракување со лак и стрела). На настанот учествуваа петорица членови на Буџинкан Македонија, кој ги изучуваа основните начини на гаѓање со ова оружје. Пред почетокот на семинарот, на учесниците детално им беше покажан начинот на изработка на лак и стрела, во ситуација кога ќе се најдеме во природа, а од личната опрема со нас имаме само нож.
Јуми Ја (Лак и Стрела) - семинар во природа
Предавање и демонстрација на нинџутсу во градинката „Срничка Бамби“
Членовите на Буџинкан Македонија, семпаи Тодор Ангеловски и кохаи Мартин Гачевски, на покана од педагогот Снежана Тодоровска, денес одржаа предавање и демонстрација на нинџутсу, наменета за дечињата од градинката „Срничка Бамби“ во општината Аеродром.
Одржан семинарот „Силата на Јари VI“
Силата на Јари VI
Одржан семинарот во Романија со Игор Довезенски
Викендов што измина, инструкторот Игор Довезенски одржа семинар во градот Јаши – Романија. Настанот беше организиран од страна на Каталин Сореану, водачот на „Буџинкан Шинган Доџо“. На семинарот учествуваа околу 30-тина учесници од неколку романски градови, практичари на различни боречки вештини, како и еден учесник од нашата земја кој допатува во Јаши специјално за овој настан.
Одржан семинарот „Харагеи II“
На врвот на ридот Еленац, членовите на Буџинкан Македонија вчера го одржаа вториот по ред семинар посветен на техниките за Харагеи односно чувствувањето на промените кои се случуваат околу нас. Шибањето на ладниот ветер ниту за миг не претставуваше пречка да се навлезе уште подетално во тајните на медитацијата и самоспознавањето.
Наместо извештај, ќе ги пренесеме чувствата на учесниците споделени на нашиот Форум, веднаш по завршувањето на семинарот.
Марко О. – „Неможам да го опишам чусвтвото на мирисот од билките на Еленац, на воздухот што доаѓа од недопрената природа на Липац, од потта што тече предизвикана од нашиот труд додека се качуваме нагоре на „сите четири“. Од ветерот што ви ја надразнува кожата и од сонцето што ја буди енергијата. Од луѓето кои со своето присуство ве прават да се чувствувате убаво и среќно. Харагеи е посебна приказна. Техниките треба да се практикуваат секој ден и да одат паралелно со физичкиот тренинг, бидејќи тоа што Сенсеи денеска ни го раскажа, предаде и објасни е школо за животот воопшто. Учевме како да дишиме, како да бидеме здрави. Се сретнавме со четири нови вежби, за кои треба многу часови тренинг. Мислам дека сите бевме импресионирани од денешниот семинар и ова ќе ’не држи’ со денови, па и со недели. Едно искачување на Липац е квалитетна терапија за душата и телото. Замислете си за 10-15 години, сите повторно собрани на истото место, но со дечиња во раце на кои ќе им раскажуваме за прекрасните денови минати со подучувањата на Сенсеи“
Катори Шинто рју Буџутсу семинар со Сенсеи Ерик во Грција
Викендов што измина, инструкторот Игор Довезенски и ученичката Моника Ш., учествуваа на меѓународниот семинар за Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу, што се одржа во Атина – Република Грција. На настанот, покрај домаќините и преставниците од нашата земја, учествуваа и членови од Катори Шинто рју Холандија.
За време на петочниот тренинг, сенсеи Ерик предаваше кати од Омоте но Тачи, каде што се задржа на неколку детаљи во однос на изведбата и движењето на нозете. Во саботата, поголем акцент беше ставен на изведбата на техниките на извлекување на мечот од стоечка положба (Тачи аи Баттоџутсу), додека во неделата најмногу се вежбаа катите од Омоте но Иаи.
Последните два дена, Сенсеи Ерик, на Игор Довезенски му ги предаде и првите две кати од Омоте но Бо, со што се отвори уште „една врата“ во македонскиот огранок за Теншин Шоден Катори Шинто рју.
Следната средба со Сенсеи Ерик, ќе биде во мај, кога учителот ќе одржи меѓународен семинар во Македонија, секако во организација на Катори Шинто рју Македонија.