На покана од Каталин Сореану – водач на „Буџинкан Шинган Доџо“, шидоши Игор Довезенски ќе одржи семинар на тема: „Кенџутсу и Иаиџутсу“.
Повеќе информации за инструкторот Довезенски, можете да прочитате тука: биографија
)
На покана од Каталин Сореану – водач на „Буџинкан Шинган Доџо“, шидоши Игор Довезенски ќе одржи семинар на тема: „Кенџутсу и Иаиџутсу“.
Повеќе информации за инструкторот Довезенски, можете да прочитате тука: биографија
Хара ( 腹 ) е јапонски збор за стомак, додека Геи ( 芸 ) означува уметност. Меѓутоа, во боречките вештини зад овој збор се крие комплетен принцип на внатрешна и надворешна комуникација преку самоспознавање и навремено откривање на промените кои се случуваат наоколу. Учителите за Зен, со векови наназад подучуваат дека дишењето со Хара (стомак) го чисти умот од секакви мисли и овозможува поглед длабоко во себе. Токму тоа согледување на внатрешните и на надворешните промени, се верува дека на воинот ќе му овозможи навреме да ја препознае опасноста и истовремено да реагира. Ваквиот тренинг за култивирање на внатрешната енергија, познатиот зен-монах Такуан Сохо го нарекувал „вежба на неподвижниот ум“.
Линк од минатогодишниот извештај за семинарот —–> тука
Со полно доџо насмеани лица и по некоја модринка и гребнатинка на телото, вчера успешно се одржа семинарот за Нинпо Не Ваза.
Викендов што измина, шидоши Игор Довезенски одржа семинар организиран исклучиво за членовите на романското Буџинкан Шинган Доџо, на тема „Основите на класичното јапонско мечување“. Настанот беше реализиран во скопското доџо на Буџинкан Македонија, а во предавањето помогна и помладиот инструктор Марко Опачиќ.
Првиот Нинпо Не Ваза семинар во 2015-та година ќе се одржи на 1 февруари, на тема „Гошин Џутсу“. Како што самиот наслов кажува, овој пат вниманието ќе биде насочено кон можностите за самоодбрана од моментот кога противникот ќе не собори на земја, па се до повторното враќање во стоечка позиција.
Место: Скопје (во доџо-то на Буџинкан Македонија)
Повеќе информации за Нинпо Не Ваза ——> тука
Земјата и водата наоколу беа замрзнати поради ниската температура, но сончевата светлина даваше посебна магија за време на вчерашниот семинар, на кој членовите на Буџинкан Македонија по петти пат ги вежбаа техниките за преживување во природа во зимски услови.
Марко Опачиќ – „Секогаш кога имаме семинар во природа, претходната вечер „окапувам“ до доцна во ноќтта поради возбуда, поради желба и мисла: како ќе биде утре, што ќе има ново, како ќе се снајдам во зададените ситуации, дали ќе биде убаво времето итн. И овој пат беше така. Најпрвин дека ми е јубилејно – петто по ред ’зимско преживување’, а потоа и затоа што знаев дека ќе учиме како да изградиме нов тип на засолниште.
Ниските температури што оваа година ја зафатија нашата земја се идеални за одржување на петтиот по ред „Зимски Нинџа Тренинг“. За време на овој настан, членовите на Буџинкан Македонија ги изучуваат техниките на преживување во природа во зимски услови. Деновиве, кога живата на термометарот се спушти и до -20 целзиусови, кога земјата е покриена со снежна покривка, а неретко дува и ветер, се како порачани за сите кои сакаат да се соочат со предизвиците предизвикани од ладното и сурово време.
Нескромно можеме да кажеме дека годината што измина беше една од најуспешните во историјата на Буџинкан Македонија, како и на Организацијата за изучување на јапонски класични боречки вештини „Пат кон Сонцето“. Карактеристично беше „испливувањето на површина“ на некои помлади ученици, кои со својата пожртвуваност и посветеност, полека но сигурно си го заземаат своето место во нашето доџо.
Да почнеме со меѓународните семинари. Во април организиравме неколкудневен семинар за Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу, под водство на нашиот ментор за оваа најстара борбена јапонска школа, шидоша Ерик Лоув. Со него, од Холандија допатуваа и шесторица негови постари ученици. Покрај нив, учество на настанот земаа и гости од Грција и Албанија, кои за прв пат имаа можност да се сретнат со оваа прекрасна вештина.
Што се однесува до домашните семинари, оваа година ги имаше во изобилство. Така, од интензивните, во нашето Хомбу Доџо одржавме вкупно шест, додека од семинарите во природа, беа организирани и успешно реализирани вкупно седум. Во скопското доџо на Буџинкан Македонија, исто така беа организирани шест, со што се заокружува бројката од вкупно 19 семинари, на кои учителот Игор Довезенски несебично го предаваше своето знаење на членовите на нашата Организација.
Како поспецифични настани за 2014-та година ќе ги издвоиме: традиционалниот семинар „Кенџутсу под ѕвездите на Липац“, каде што членовите на доџо-то повторно два дена ја вежбаа мечувалската школа „Оно ха Итто рју – Такеда ден“ под врвот на митската планина Липац и преспаа во конаците на преубавиот Бељаковски Манстир. Потоа, незаобиколно мора да се спомене новиот настан познат под името „Живот во Дивината“, кој оваа година за прв пат беше организиран и кој остави неверојатен впечаток кај учесниците. Секако тука е и „Работилницата за Самоодбрана за Жени“, која што традиционално се одржува секоја година во октомври и која што е наменета пред се за припадничките на понежниот пол. И на крајот, би го споменале најголемиот од сите настани, а тоа е деветодневниот „Летен Нинџа Камп“.
Во нашето доџо за Даито рју Аикибудо, во 2014-та година беа организирани три интензивни семинари за Аикиџуџутсу. Еден од нив беше одржан во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“, додека другите два во доџо-то во Скопје. Вреди да се спомене дека последниот интензивен семинар беше во траење од цели шест дена. Веќе за пролет, следната година, договорена е посета на нашиот учител Антонино Черта.
Оваа година ќе ја паметиме и по тоа што Буџинкан Македонија доби уште еден шидоши хо (помлад инструктор) односно нашиот долгогодишен член Зоран Тодоровски успешно положи за мајсторски степен шодан (прв дан), а шидоши Игор Довезенски ја напиша и ја објави првата книга во Македонија посветена на класичните јапонски боречки вештини, а со наслов „Разговор со учениците“.
Истата можете да ја набавите во kupikniga.mk
Доколку треба да го издвоиме најважниот настан во изминатава одина, тоа дефинитивно е патувањето на учителот Игор Довезенски во Јапонија. За да не се повторуваме повторно, повеќе информации за тоа можете да прочитате —-> тука
Во однос на присутноста во медиумите и оваа година се појавивме во неколку медиуми „со душа“, како што Игор Довезенски ги нарекува „малите“ списанија и портали. Ќе ги издвоиме интервјуата дадени за „Теа Модерна“, потоа за рубриката „БукБокс“ на офф.нет.мк, како и интервјуто дадено за бизнис порталот bi.mk
Наспроти тоа, повторно беше одбиена соработката со сите големи и гломазни медиумски машинерии кои безобразно, вулгарно и нападно и сервираат на македонската јавност патетични играни серии и шунд-забавни емисии наменски продуцирани во некои соседни земји, а на штета на македонската култура и традиција.
На крајот, сакаме да им честитаме на сите наши членови кои на завчерашното полагање покажаа одлично знаење и се здобија со повисоки звања. Особено сме горди на нашите членови кои се стекнаа со Пофалници за нивниот труд. Во текот на целата година, Тодор А. и Кристијан М. не пропуштија ниту еден редовен час одржан во нашето доџо, додека Таки Г. имаше само еден изостанок.
Темата за 2015-та година во Буџинкан Македонија ќе биде „Џиссен Гата“.
На сите наши членови им посакуваме уште поголем успех во годината што следи.
Нинпо Иккан!
Во саботата што измина, беше одржан последниот семинар за оваа година насловен како: „Тогакуре рју Нинџутсу – Кихон ваза Кеико хо“.
Како што самиот наслов кажува, на овој еднодневен семинар ќе се вежбаат основните техники на нинџутсу школата Тогакуре рју. Според планот за работа, за време на настанот предвидено е инструкторот Игор Довезенски да ги запознае своите ученици со начинот на кој Тогакуре рју се вежбаше во организацијата „Буџинкан“ кон крајот на осумдесетите односно на почетокот на деведесетите години на минатиот век, поточно во времето кога водачот на Буџинкан Македонија го започна патешествието кое што се уште трае до денешните дни.
Датум: 20 декември (сабота) 2014
Место: Скопје (во доџо-то на Буџинкан Македонија)
Време: 11:00 – 15:00
Тема:
-Тогакуре рју Нинџутсу – Кихон ваза Кеико хо