Хара ( 腹 ) е јапонски збор за стомак, додека Геи ( 芸 ) означува уметност. Меѓутоа, во боречките вештини зад овој збор се крие комплетен принцип на внатрешна и надворешна комуникација преку самоспознавање и навремено откривање на промените кои се случуваат наоколу. Учителите за Зен, со векови наназад подучуваат дека дишењето со Хара (стомак) го чисти умот од секакви мисли и овозможува поглед длабоко во себе. Токму тоа согледување на внатрешните и на надворешните промени, се верува дека на воинот ќе му овозможи навреме да ја препознае опасноста и истовремено да реагира. Ваквиот тренинг за култивирање на внатрешната енергија, познатиот зен-монах Такуан Сохо го нарекувал „вежба на неподвижниот ум“.
Замислете ситуација, Вие и Вашиот противник сте одалечени два метра еден од друг со вперени катани во срцата. Тензијата се зголемува и само еден погрешен здив или едно трепкање со окото може да Ве дели од животот и смртта. Да го препознаете нападот, да го почуствувате моментот кога треба да се реагира, е од клучно значење.
Оваа година по трет пат, инструкторот Игор Довезенски ќе ги подучува своите ученици како да ја зголемат будноста, а со тоа и да ја подобрат својата борбена вештина.
Ден: 28.02.2016 (недела)
Место: Еленац
Програма:
08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
09.00 – 16.00 часот – теоретски и практичен дел
17.00 – враќање назад
Семинарот е отворен само за членовите на Пат кон Сонцето, но може да се присуствува на истиот и со препорака од личност што негува пријателски односи со нашето доџо. Прашања и пријавување на и-мејл, на телефон, во доџо или на Форум.