Водачот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, одржа уште еден неделен семинар во скопското доџо на Буџинкан Македонија. Овој пат, тема на проучување беа борбените техники на земја односно Не Ваза.
За време на настанот, шидоши Довезенски несебично го сподели своето знаење од овој борбен систем, а учениците неуморно ги впиваа сите детали, истовремено покажувајќи висок степен на интерес за начините на борење на земја. Повеќето од учесниците беа почетници, кои со голема љубопитност пристапија кон учењето, додека искусните ветерани се обидуваа да го извадат максимумот од нив.
Покрај положбите на телото и начините на контрола на противникот, Довезенски подучуваше и техники за давење, како и за контрола на потенцијалниот агресивен напаѓач.
Задоволни од наученото, учесниците на семинарот на крајот изјавија дека со задоволство ќе присуствуваат и на следниот настан посветен на истата тема.