Одржан Зимскиот Нинџа Тренинг - Начини на Преживување во Природа VI
Викендов што измина го одржавме првиот семинар во новата 2016-та година. Учесниците беа полни со импресии, а по завршувањето на настанот ги споделија чувствата на нашиот Форум, а со тоа го напишаа и овој Извештај.
Иако некои од работите што ги изучуваме секој пат се повторуваат, сепак секоја година потребно е повторно да се повторат лекциите, а со цел техниките да усовршат подобро. Овој пат Сенсеи мене ми ја постави задачата околу изградбата за засолништето. Откако ги собрав сите и им објаснив што треба да се прави, почнавме со работа. Иако мислам дека успешно ја направивме колибата, сепак имам две замерки. Бевме премногу бучни и гласно се смеевме и зборувавме, а второ бевме спори во изградбата.
Ќе ги споменам и новите работи кои ги учевме: подготовката на јајце на око, печењето на тиква во земја, различните начини на одржување на огнот, правењето вратичка на колибата за заштита од животни, начините на засолнување на опремата од дожд и снег, како и низата други работи кои Сенсеи ги спомена низ предавањето.“ (Марко Опачиќ)
Сенсеи докажа дека негова цел не е ‘архивирање’ на знаењето за сопствени цели, туку дека секоја негова вештина е ставена на наше располагање, се разбира доколку имаме желба за учење.“ (Дамјан Серафимовски)
Зимски Нинџа Тренинг - Начини на Преживување во Природа VI
Како што веќе знаете, воините на Буџинкан Македонија отсекогаш сметале дека вежбањето исклучиво во доџо, каде што постои една безбедна и пријателска атмосфера, можат од секого да направат добар „спортист“ и одличен „салонски нинџа“. Меѓутоа тоа што нас не разликува од останатите, се знаењето и сигурноста што ги чувствуваме кога сме соочени со најтешките предизвици додека се наоѓаме далеку од градовите во кои што живееме. Всушност, ние суровата природа ја доживуваме како наш природен хабитат каде што се чувствуваме како „риба во вода“ односно како да се наоѓаме во наша природна средина.
Извештај за 2015-та година
Токму кога помисливме дека минатогодишната година, со вкупно 19 одржани семинари нема никогаш да ја повториме, во оваа буквално ги надминавме сите наши можни очекувања. Дами и господа – 29 семинари во 2015-та !!!
Почнуваме со меѓународните семинари организирани во Македонија од страна на Организацијата „Пат кон Сонцето“.
Во април, нашиот учител за Даито рју Аикиџуџутсу, шиханот Антонино Черта го одржа својот редовен семинар во нашето доџо каде што ни пренесе нови „тајни“ од оваа древна самурајска традиција.
Следниот месец, во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“, заедно со своите ученици од Холандија допатува и Сенсеи Ерик Лоув. За време на еднонеделната посета тој се потруди да ни пренесе колку што е можно повеќе од своето богато искуство во Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу. На семинарот допатуваа и нашите пријатели од Романија, членовите на Шинган Доџо-то од Јаши.
За време на летото, го одржавме и нашиот надалеку познат Летен Камп, каде што овој пат покрај инструкторот Довезенски, во улога на предавач се појави и неговиот пријател од Русија – Сергеј Бабкин. Инаку, Бабкин покрај тоа што е инструктор за Катори Шинто рју и за Јога, истиот е претставник во неговата земја за класичната јапонска боречка вештина Кукамишин рју Хјохо. Токму таа вештина имавме можност да ја изучуваме за време на овој настан.
Што се однесува до семинарите на кои предаваше инструкторот Довезенски, листата изгледа вака: шест одржани семинари во природа, осум во Хомбу Доџо-то под Липац, исто толку во доџо-то во Скопје, како и на два во Романија во доџо-то „Шинган“ во градот Јаши. Исто така, во 2015-та Довезенски зеде учество на неколку меѓународни семинари под водство на неколку реномирани учители за класични јапонски боречки вештини. Да ги споменеме и нив по редослед: февруари во Атина (Грција) на семинар за Катори Шинто рју со Ерик Лоув; во јуни во Градара (Италија) на семинар за Оно ха Итто рју Кенџутсу со Сасамори Такеми Соке; во септември во Цариград / Истанбул на семинар со шиханот за Катори Шинто рју – Нобутоши Отаке. На последниов споменат настан, заедно со Довезенски отпатуваа и Марко Опачиќ и Дарко Божиновски, при што последниов даде и крвна заклетва (кеппан).
Покрај овие настани, вредат да се споменат и следниве: семпаи Тодор Ангеловски и кохаи Мартин Гачевски одржаа предавање за дечињата во градинката „Срничка бамби“ во населбата Аеродром; отворивме уште една детска нинџутсу секција (Нинџа Клинци II); прославивме 20 години од постоењето на „Пат кон Сонцето“ и Буџинкан Македонија; нашите најмлади членови од детската група гостуваа во Македонската Национална Телевизија каде што успешно ги презентираа вештините на Буџинкан, а подоцна го посетија и нашето Хомбу Доџо каде што ја изучуваа школата Кото рју Коппоџутсу, како и основите на јапонското мечување; Игор Довезенски се здоби со втор (нидан), а Марко Опачиќ со прв дан (шодан) во Даито рју Аикиџуџутсу.
Како еден од најважните настани слободно можеме да го истакнеме основањето на „Лабораторијата за Источни Култури“. Имено, на предлог на Игор Довезенски, на 14-ти септември Стручниот совет на Институтот за етнологија и антропологија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, донесе одлука за основање на Лабораторијата, со основна цел да се проучува материјалната, социјалната и духовната култура на народите од далечниот исток, со посебен нагласок на Јапонија.
На крајот, сакаме да се заблагодариме на сите членови на Организацијата „Пат кон Сонцето“, а особено на нашите ученици од Буџинкан Македонија кои со својата макотрпна работа овозможија и оваа година да уживаме во прекрасното патување низ светот на традиционалните јапонски боречки традиции (Корју Буџутсу). Не можеме да ветиме дека следната година ќе постигнеме уште подобри резултати од оваа, но можеме да гарантираме дека се додека дишеме воздух на земјава, нема да ја намалиме љубовта кон борбените класични вештини наследени од генерациите пред нас.
Пат кон Сонцето. Едно доџо – едно семејство. Буџинкан Македонија. Моја приказна – мој живот.
Нинпо Иккан!!!
Одржан последниот семинар за 2015-та на тема Ханбо Гошинџутсу
Со вчерашниот семинар на тема Ханбо Гошинџутсу (самоодбрана со употреба на краток стап), речиси ги завршивме сите обврски во Буџинкан Македонија од програмата за оваа година.
Како што кажа Сенсеи, ханбо-то е сосема легално, можеме да го носиме со нас секаде и во секое време. Да се владеат техники со вакво оружје е голема предност. Прво затоа што е доволно големо за да направи голема штета на агресивниот напаѓач, која не мора да биде видлива за око, а истовремено е доволно мало за да може да се ’спакува’ за носење со нас. Ханбо-то е мало, а големо нешто.
Игор Довезенски одржа семинар за Нинпо Не Ваза®
Водачот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, одржа уште еден неделен семинар во скопското доџо на Буџинкан Македонија. Овој пат, тема на проучување беа борбените техники на земја односно Не Ваза.
Одличен семинар за Наге Ваза во скопското доџо на Буџинкан Македонија
Уште еден успешно одржан семинар од серијата на зимските настани во Буџинкан Македонија. И овој пат, бројката на учесници не се спушти под десет, што значи дека се уште се негува високиот борбен дух меѓу членовите на Организацијата „Пат кон Сонцето“.
За следната недела закажан е семинар за борба на земја (Не Ваза).
Успешно одржан семинарот за Џунан Таисо
Во организација на Буџинкан Македонија, во скопското доџо денес беше одржан семинарот за Џунан Таисо (вежби за растегнување на телото). На настанот присуствуваа 15-тина учесници, од кои повеќето беа членови на Организацијата за изучување класични јапонски борбени вештини „Пат кон Сонцето“, или, пак, нивни блиски роднини и пријатели.
За време на целиот настан, инструкторот Довезенски ја истакнуваше важноста на Џунан Таисо во развојниот пат на секој кобудока (личност што практикува класични јапонски боречки вештини), а особено ја нагласуваше потребата од флексибилност на сите оние кои вежбаат нинџутсу вештини.
Одржан семинарот со инструкторот Довезенски во Романија
Викендов што измина, во романскиот град Јаши беше одржан семинар на кој инструкторот Игор Довезенски подучуваше техники на борење со меч (кенџутсу), како и начини на борба со стап (боџутсу). Настанот беше организиран од страна на водачот на Шинган Доџо, Каталин Сореану, а на негово барање беше од затворен тип односно наменет само за напредните членови на неговото доџо.
Следниот ден, главно се вежбаа основите на борба со стап, а при крајот на семинарот Довезенски подучуваше и некои понапредни техники на боџутсу.