Точно пет години од последниот официјален Суи Рен семинар во природа, водачот на „Пат кон Сонцето“ повторно го оживува овој некогаш редовно одржуван настан во Буџинкан Македонија.
Велиме „официјален“, бидејќи последниве неколку години техниките на Суи Рен (Обука во вода), членовите на доџо-то имаа можност да ги вежбат за време на нашите летни нинџа кампови.
Инаку, оваа вештина во минатото била задолжителна за сите Тогакуре рју шиноби воини, а се состоела од техники на бешумно пливање, тивко движење низ реките и езерата, преминување на водени површини со помош на неконвенционални средства, борба и дишење под вода итн.
Настанот ќе се одржи на реката што тече низ подножјето на планината Липац. Право на учество имаат сите ученици на организацијата „Пат кон Сонцето“ односно доџо-то Буџинкан Македонија.
Ден: 10.07.2016 (недела)
Место: Долно Проодиште
Програма:
09.00 часот – поаѓање од Скопје
10.00 часот – пристигнување
10.30 -17.30 часот – теоретски и практичен дел
18.30 враќање назад
Организаторот го задржува правото на измена на темата само доколку временските услови бидат исклучително лоши за повеќечасовен тренинг во вода.