Вчера во месноста Млака во долината под планината Липац, се одржа еднодневен семинар во природа на тема: ЈумиЈа Џутсу (вештина на гаѓање со лак и стрела). На семинарот присуствуваа четворица членови на Буџинкан Македонија кои имаа можност одблиску да се запознаат со едно од најстарите оружја познати кај речиси сите народи на планетава.
Настанот започна со мало предавање за историјата на јапонскиот лак, а потоа се започна со гаѓање со таканаречениот Ханкју односно Полулак. Станува збор за скратена верзија на јапонскиот долг самурајски лак, инаку познат по своите одлични перформанси.
Покрај гаѓањето од неколку различни ставови, се вежбаа и разни техники на стрелање во движење, во трчање, но и техники на испалување на стрелата во далечина.
На крајот беше договорено овој семинар и понатаму да продолжи да се одржува, секогаш во исто време во годината односно во месецот мај.