Семпаи Тодор Ангеловски, заедно со помладите ученици Владимир Антовски, Сања Симонова и Таки Гаковски, вчера беа гости во скопската телевизија ТВ21. Во емисијата со наслов „Урбан Таг“, тие го претставија нашето доџо, при што презентираа и дел од нинџутсу техниките кои што се вежбаат во Буџинкан Македонија.
Самиот прилог започна со снимка од полагањето за нидан на шидоши хо Марко Опачиќ, што неодамна се одржа во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“, а потоа нашите членови одговараа на прашањата поврзани со нашата работа. На крајот, кохаи Сања Симонова и кохаи Таки Гаковски демонстрираа кати од школата Гјокко рју Кошиџутсу, како и техники од програмата за полагање за 5 кју.
Додека да обезбедиме подобра снимка од гостувањето, прилогот можете да го погледнете на ју тјуб каналот на ТВ21 —-> Тука