Годината заврши. Беше посветена на Тогакуре Рју Нинџутсу. Се на се можеме да бидеме задоволни и да ја оцениме како многу добра.
Како и минатата, организиравме два меѓународни семинари, но овој пат со
два големи Шихани. Беа организирани и неколку семинари во природа
(бајаги повеќе), како и многу неделни тренинзи.
И во 2008 година, се запишаа над 50 кандидати, но како што знаеме,
нинџутсу е искрена вештина во која што опстануваат само најдобрите,
најупорните и најцврстите, така што од сите нив останаа само десетина.
Најголем дел се откажуваат уште на самиот старт, сакајќи преку ноќ да
станат нинџи и да работат напредни техники. Такво нешто постои само во
филмовите со лоша продукција. Останатите се откажаа после неколку
месеци тренинг. Секој поради лични причини и обврски. Секој со свој
изговор. Така е секогаш во животот.
Во моментов нашето школо брои 30 редовни ученици.
Во 2009 се надеваме дека нивниот број уште ќе се зголемува. И понатаму,
бројката не ни е важна. Ни требаат квалитетни и упорни луѓе, чесни и
одлучни. Имало моменти кога нашето школо броело по 90, но имало и
падови кога на тренинг доаѓале по тројца ученици. Најважно од се е што
и понатаму прочистуваме група на луѓе кои можеме да ги наречеме дел од
нашето (боречко) семејство.
Уште неколку статистички податоци за нашата работа во оваа година. Од 1
јануари 2008, па заклучно со денес, нашата веб-страница ја посетиле над
10.000 души, од вкупно 55 држави, а најредовните посетители доаѓаат од
Хрватска, САД, Германија, Австрија, Србија и Јапонија (подредени според
бројот на посети). Секако, тоа воопшто не е некоја голема бројка за
фалење, но со оглед на тоа што не се рекламираме на ниту еден начин, и
не е така лошо.
Во 2009 влегуваме со голем оптимизам. Како и секогаш. Нинпо Иккан !
*******************************************************************
Денес, во Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето – Хомбу Доџо, се одржа полагање за ученички степени.
За 9 кју положија Кристијан Антовски, Александар Јовановски и Виктор
Стојаноски, додека со 5 кју заслужено се закитија Марјан Прошев и Марко
Опачиќ.
За својот труд, залагање, упорност, редовност и љубов кон вештината и
школото, пофалници добија учениците Марјан Прошев и Марко Опачиќ.
Оваа година не доделивме благодарница која се добива за помош и подршка на развојот на Буџинкан Нинџутсу во Македонија.
Дипломата претставува парче хартија кога не е заслужена, но во нашиот
случај, сите ученици можат достоинствено да ги закачат дипломите на ѕид.
*******************************************************************
За време на новогодишните празници Школото за борбени вештини Пат кон
Сонцето – Хомбу Доџо ќе биде затворено само на 1 и 6 јануари, 2009
година, додека останатите денови ќе одржува редовни тренинзи.
На сите наши членови и пријатели им посакуваме се најубаво во новата 2009 година. Нека ни е честит Божиќ !
Akemashite Omedeto Gozaimasu!
…само што помисливме дека наместо зимски нинџа тренинг, ќе имаме
Во недела, на 07 декември, Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе
Семинарот „Таи Каи Македонија II 2008“ помина во величенствена и
Bujinkan Macedonia / ninjutsu club Taiyou e no Michi (Pat kon Sonceto) announce:
Македонија е преубава! По кој знае кој пат со ваква мисла, завршивме
На
Како што веќе знаете, тренинзите во новиот семестар почнуваат на 2