На
15 февруари (недела), Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе одржи
семинар во природа на тема Буки Мамори Буки (Одбрана од оружје со
оружје).
На семинарот ќе се обработуваат техники на одбрана од најразлични јапонски класични оружја кои биле дел од арсеналот на јапонските нинџи и самураи. Учесниците треба да понесат
со себе бокен, ханбо, џо, кусари гама, џуте, шурикени, манрики кусари
(ланец со тегови), танто и јаже (се што имаат во домашниот арсенал).
Метални и остри оружја не се дозволени на семинарот.
Тема: Буки Мамори Буки
Ден: 15 февруари, 2009 година
Место: Орљак
Програма:
08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
17.00 враќање назад
Цена: 1.00 денари – во цената е вклучено: семинарска такса и превоз
Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.