2008 – Многу добра година за Буџинкан Македонија (извештај)

Posted on Categories Почетна

c99bd409-4352-4051-afb5-fe4c572614dc.jpgГодината заврши. Беше посветена на Тогакуре Рју Нинџутсу. Се на се можеме да бидеме задоволни и да ја оцениме како многу добра.
Како и минатата, организиравме два меѓународни семинари, но овој пат со
два големи Шихани. Беа организирани и неколку семинари во природа
(бајаги повеќе), како и многу неделни тренинзи.
И во 2008 година, се запишаа над 50 кандидати, но како што знаеме,
нинџутсу е искрена вештина во која што опстануваат само најдобрите,
најупорните и најцврстите, така што од сите нив останаа само десетина.
Најголем дел се откажуваат уште на самиот старт, сакајќи преку ноќ да
станат нинџи и да работат напредни техники. Такво нешто постои само во
филмовите со лоша продукција. Останатите се откажаа после неколку
месеци тренинг. Секој поради лични причини и обврски.  Секој со свој
изговор. Така е секогаш во животот.
Во моментов нашето школо брои 30 редовни ученици.
Во 2009 се надеваме дека нивниот број уште ќе се зголемува. И понатаму,
бројката не ни е важна. Ни требаат квалитетни и упорни луѓе, чесни и
одлучни. Имало моменти кога нашето школо броело по 90, но имало и
падови кога на тренинг доаѓале по тројца ученици. Најважно од се е што
и понатаму прочистуваме група на луѓе кои можеме да ги наречеме дел од
нашето (боречко) семејство.
Уште неколку статистички податоци за нашата работа во оваа година. Од 1
јануари 2008, па заклучно со денес, нашата веб-страница ја посетиле над
10.000 души, од вкупно 55 држави, а најредовните посетители доаѓаат од
Хрватска, САД, Германија, Австрија, Србија и Јапонија (подредени според
бројот на посети). Секако, тоа воопшто не е некоја голема бројка за
фалење, но со оглед на тоа што не се рекламираме на ниту еден начин, и
не е така лошо.
Во 2009 влегуваме со голем оптимизам. Како и секогаш. Нинпо Иккан !

*******************************************************************

Денес, во Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето – Хомбу Доџо, се одржа полагање за ученички степени.
За 9 кју положија Кристијан Антовски, Александар Јовановски и Виктор
Стојаноски, додека со 5 кју заслужено се закитија Марјан Прошев и Марко
Опачиќ.  
За својот труд, залагање, упорност, редовност и љубов кон вештината и
школото, пофалници добија учениците Марјан Прошев и Марко Опачиќ.
Оваа година не доделивме благодарница која се добива за помош и подршка на развојот на Буџинкан Нинџутсу во Македонија.
Дипломата претставува парче хартија кога не е заслужена, но во нашиот
случај, сите ученици можат достоинствено да ги закачат дипломите на ѕид.

*******************************************************************

За време на новогодишните празници Школото за борбени вештини Пат кон
Сонцето – Хомбу Доџо ќе биде затворено само на 1 и 6 јануари, 2009
година, додека останатите денови ќе одржува редовни тренинзи.
На сите наши членови и пријатели им посакуваме се најубаво во новата 2009 година. Нека ни е честит Божиќ !

Akemashite Omedeto Gozaimasu!