Поради големиот интерес за традиционалните јапонски боречки вештини и
деветте школи на Буџинкан, Ве информираме дека Нинџутсу Сојузот
Буџинкан Македонија го отвора своето второ доџо во Скопје.
Името на новото доџо ќе биде Пат кон Сонцето Скопје, и е сместено во
самиот центар на градот, веднаш до Градската библиотека „Браќа
Миладоновци“. Условите за тренинг се одлични. 120 м2 татами, модерни
соблекувални и регулирана температура на воздухот меѓу 18-22
степени-идеални за вежбање.
Истовремено, сакаме да Ви соопштиме, дека Пат кон Сонцето Хомбу Доџо
(главното доџо) ја задржува старата локација и термините за тренинг
(вторник, четврток и сабота).
Тренинзите во Пат кон Сонцето Скопје ќе се одржуваат во деновите понеделник, среда и петок.
За повеќе информации слободно контактирајте не. Уписите се преку целата година.
Сите заинтересирани треба предходно да го најават своето присуство.