Одржан ЈумиЈа семинарот

Posted on Categories Почетна

Во дворот на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија, вчера се одржа уште еден семинар посветен на техниките на гаѓање со лак и стрела.

Настанот познат под името ЈумиЈа Џутсу е еден од најдолгите по продолжителност односно тој се одржува уште пред основањето на доџото во 1995 година.

За време на семинарот, учителот Игор Довезенски ги подучуваше своите ученици како да гаѓаат со самоделен лак, кој бил користен од страна на Шиноби воините и бил познат под името Маруки Јуми, како и со Ханкју – краток лак направен од бамбус.

Се изучуваа разни техники на гаѓање од разни положби и позиции, а некои од учесниците веќе почнаа да покажуваат задоволителни резултати.

Следниот семинар во природа ќе биде на тема: „Буџутсу – талкање помеѓу митот и реалноста“. Се гледаме!