Десетото по ред издание на традиционалниот семинар посветен на борбата со копје (СоЏутсу), се одржа во неделата на полјаната во близина на шумата Млака во долината под планината Липац.
Како и секоја година, нема доволно зборови за да се опише овој настан кој посветените членови на Буџинкан Македонија со нетрпение го чекаат цела година.
Покрај редовните и докажаните, го истакнуваме учеството на најмалиот учесник Петар Довезенски, кој иако има само осум години, го издржи целиот семинар не застанувајќи ниту еднаш под налетите на копјата на постарите Воини на доџото.
На крајот уште да му честитаме на семпаи Таки Гаковски, кому од страна на учителот Игор Довезенски му беше доделено Деншо во кое се впишани сите техники со Јари.