Двајца нови Јуданши (Шодан-и) во Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

Буџинкан Македонија од вчера има двајца нови мајстори односно Јуданши (носители на мајсторско звање).
После речиси десетгодишно вежбање и усовршување во нашето доџо, со Шодан (прв Дан) заслужено се закитија семпаи Владимир Антовски и семпаи Михаил Дракалски.

За време на полагањето, тие успешно ги демонстрираа потребните техники и вештини кои се неопходни за стекнување на „црн појас“, со што влегоа во групата на ретките луѓе кои достигнале мајсторско звање добиено од учителот Игор Довезенски.

На настанот што се одржа во Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“ беа присутни соборците, но и пријателите и роднините на Антовски и Дракалски.
Им посакуваме успех во понатамошното изучување и усовршување на јапонските тредиционални боречки вештини и желба што подолго да останат на Патот.