Во дворот на Хомбу Доџо-то на Буџинкан Македонија во неделата се одржа семинарот со наслов: „Буџутсу – талкање меѓу митот и реалноста“.
За време на настанот, учителот Игор Довезенски преку предавање, а потоа и рандори (слободна борба) ги соочи своите ученици со вистината околу реалната борба со оружје.
Сите учесници беа крајно задоволни од семинарот и побараа овој настан да влезе како редовен во годишната програма за семинари, оценувајќи го како „премногу корисен“ за нивниот напредок.
Да не должиме многу, ќе споменеме уште дека претходниот ден (сабота), Воините на Буџинкан Македонија организираа еколошка акција за чистење на коритото на реката Живуша која тече пред дворот на нашето Хомбу Доџо. При тоа беа собрани повеќе од 60 вреќи ѓубре, кое потоа беше соодветно отстрането.