За тие што не знаат, шидоши Игор Довезенски е човекот кој во 1995 година го отвори првото и се уште единствено доџо во Македонија за класични јапонски борбени вештини и со самото тоа буквално ги „донесе“ во нашата држава. Благодарение на него, илјадници наши сограѓани досега се запознале со боречките вештини кои некогаш биле практикувани и применувани од страна на легендарните јапонски самураи и нинџа воини.
Кампот ќе се одржи во периодот од 4-ти до 12-ти август, во хомбу доџо-то на организацијата „Пат кон Сонцето“, а сместено во долината под планината Липац.
Категорија: Почетна
Категорија news
Одржан семинарот „Живот во Дивината III“
Откако претходно ги совладавме техниките на организирано живеење во заедница на ниски планини и покрај реки, оваа година се посветивме на изучување на вештините за преживување на поголема група луѓе во шума. А викендов што измина, докажа дека некои од членовите на Буџинкан Македонија незапирливо го впиваат сето знаење што со години се таложело во инструкторот Игор Довезенски, а кој секогаш несебично се обидува колку што може повеќе да пренесе дел од сопственото искуство и на своите ученици.
Семинарот се одржа во шумата Млака, во долината под планината Липац и тоа на две различни локации. За чувството да се биде дел од овој настан, ќе споделиме дел од импресиите на некои од учесниците.
Живот во Дивината III
По двата одржани семинари на тема „Живот во Дивината“, на кои членовите на Буџинкан Македонија ги изучуваа техниките на организирано живеење во заедница во дивина, време е за третиот.На првите два настани инструкторот Довезенски ги подучуваше своите ученици како можат подолг период да преживеат во група доколку се засолнат на планина пониска од 1000 метри, како и на организирано живеење покрај река.
За време на „Живот во Дивината III“, членовите на Буџинкан Македонија ќе имат можност да ги научат техниките на групно преживување во шума.
Како што и беше најавено уште на првиот семинар, воините од доџо-то секоја година ќе се соочуваат со различен терен односно со разнобразни географски услови за живот.
Семинарот ќе се раководи според сценарио на природна катастрофа или друга несреќа која бара повлекување на некое непристапно место и организирање живот на подолго време за одредена група на луѓе. Со совладувањето на новите вештини, членовите на доџо-то ќе бидат способни да го згрижат своето семејство и да му обезбедат основни услови за живеење во дивина во случај на опасност.
Пред минатата година почнавме да го пишуваме новото поглавје на историјата, а оваа продолжуваме со третата глава. Не пропуштајте ја можноста да ги научите техниките на живеење во природа, кои во случај на природна катастрофа или друга незгода ќе ви бидат повеќе од потребни.
На семинарот можат да учествуваат сите членови на доџо-то Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето, без разлика на нивното звање или знаење.
Потребна опрема: се што може да послужи за преживување во природа и што ќе го собере во вашиот ранец.
Ден: 23/24 јули (2016)
Место: Млака – во долината под Липац
Програма:
сабота: 07.00 часот – тргнување од Скопје
недела: 18.00 часот – враќање назад
Пријавување и информации преку инбокс, телефон или на Форум.
п.с. Престојувањето во природа носи одредени опасности. Сите учесници доаѓаат на сопствен ризик. Направете ги потребните лекарски испитување пред да се пријавите за учеството.
Одржан семинарот „Суи Рен“
„Знам за една приказна што ја кажа Сенсеи додека бил во Јапонија кога посетил едно свето место и одненадеж почнал неконтролирано да се смее од среќа. Зборувам за онаа насмевка, кога и душата и срцето Ви треперат како да сте доживеале нешто натприродно. Истото некако го чуствувам и јас. Можеби некои ќе помислат: ’Обична река, тренинг во вода и тоа е тоа’. Но Суи Рен го доживувам некако многу емотивно, а се уште неможам да откријам зошто е тоа така. Можеби затоа што се одржува точно после пет години од последниот, а тогаш бев помлад и се ми изгледаше некако нереално. Можеби затоа што Суи Рен е метод што нинџите го развиле до совршенство, па сето тоа можеби ме импресионира. Можеби затоа што е во вода, а сето тоа е предизвик да се издржи седум саати во таква средина. Многу од Вас нема никогаш да разберат дека во една обична река можат да се направат толку многу вежби. Да се ’измислат’ толку многу начини на криење. Неверојатни беа сите тие приказни што Сенсеи ни ги раскажа за време на семинарот, но и сите овие години додека сме минувале покрај таа легендарна река. Тоа што семинарот секоја година се одржува на различна локација, уште повеќе придонесува и внесува дополнителна возбуда. Младоста ја оставивме на таа река и горд сум и не се каам ниту една секунда за тоа – напротив. Му благодарам на Сенсеи што ме ’заглави’ оваа вечер да пишувам ’деншо’ со саати.
Суи Рен
Точно пет години од последниот официјален Суи Рен семинар во природа, водачот на „Пат кон Сонцето“ повторно го оживува овој некогаш редовно одржуван настан во Буџинкан Македонија.
Велиме „официјален“, бидејќи последниве неколку години техниките на Суи Рен (Обука во вода), членовите на доџо-то имаа можност да ги вежбат за време на нашите летни нинџа кампови.
Инаку, оваа вештина во минатото била задолжителна за сите Тогакуре рју шиноби воини, а се состоела од техники на бешумно пливање, тивко движење низ реките и езерата, преминување на водени површини со помош на неконвенционални средства, борба и дишење под вода итн.
Нинџа Клинци-те по втор пат го освоија Хомбу Доџо-то
Нинџа Клинци-те на Буџинкан Македонија, во саботата по втор пат го освоија Хомбу Доџо-то на Организацијата за изучување класични јапонски боречки вештини „Пат кон Сонцето“.
Во освојувачката мисија овој пат учествуваа 22 дечиња од подмладокот на единствениот клуб во нашата земја каде што се негуваат традиционалните боречки уметности кои потекнуваат од Земјата на Изгрејсонцето.
За време на настанот, што се одржува два пати годишно односно на пролет и на есен, најмладите ученици на Буџинкан Македонија имаа најразлични активности во текот на целиот ден. Под водство на инструкторите Тодор, Таки и Сања, им беше одржан час по вештината Гјокко рју при што се вежбаше Саншин но Ката-та, а слушаа и неколку предавања на тема: „Тогакуре рју Нинџутсу“.
Главниот инструктор на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски им одржа час за кенџутсу (јапонско мечување), а претходно дечињата имаа можност детално да го разгледаат Хомбу Доџо-то кое истовремено претставува и мал музеј каде што можат да се видат најразлични предмети односно орудија кои биле користени од страна на средновековните јапонски нинџи и самураи.
За најмладите исто така беше организирана посета на фарма со овци, а беше подготвен и вкусен домашен ручек со свежи продукти директно од градината што се наоѓа веднаш до доџо-то.
Слободното време беше искористено за најразлични игри, но и за јадење вишни кои клинците ги береа директно од дрвцата кои растаат насекаде во дворот на Хомбу-то.
На крајот уште да споменеме дека за време на престојот, дечињата цело време беа под будното око на лекар што беше ангажиран од страна на Организацијата „Пат кон Сонцето“.
Следната освојувачка мисија на Нинџа Клинци-те во Хомбу Доџо-то ќе се одржи на есен.
Одржан неделен ЈумиЈа семинар
Вчера во месноста Млака во долината под планината Липац, се одржа еднодневен семинар во природа на тема: ЈумиЈа Џутсу (вештина на гаѓање со лак и стрела). На семинарот присуствуваа четворица членови на Буџинкан Македонија кои имаа можност одблиску да се запознаат со едно од најстарите оружја познати кај речиси сите народи на планетава.
Настанот започна со мало предавање за историјата на јапонскиот лак, а потоа се започна со гаѓање со таканаречениот Ханкју односно Полулак. Станува збор за скратена верзија на јапонскиот долг самурајски лак, инаку познат по своите одлични перформанси.
Покрај гаѓањето од неколку различни ставови, се вежбаа и разни техники на стрелање во движење, во трчање, но и техники на испалување на стрелата во далечина.
На крајот беше договорено овој семинар и понатаму да продолжи да се одржува, секогаш во исто време во годината односно во месецот мај.
Одржан семинарот за Теншин Шоден Катори Шинто рју со Ерик Лоув (Менкјо)
Заврши и вториот од предвидените меѓународни семинари за 2016-та година со најдобрите европски кобудо мајстори, а организирани од страна на Организацијата за изучување традиционални јапонски боречки вештини – Пат кон Сонцето.
На тридневниот настан учествуваа неколкумина ученици од Катори Шинто рју Македонија, како и еден ученик на шидоша Ерик Лоув од Холандија.
За време на семинарот, учителот Лоув предаваше техники на симултано извлекување и сечење со јапонски меч (иаиџутсу/баттоџутсу), како и борба со катани (кенџутсу). Не изостанаа ниту техниките со долг стап (боџутсу), како и катите со нагината.
Како и секогаш, учителот Лоув несебично и со многу внимание го предаваше своето знаење и тоа на само нему својствениот начин – со многу хумор и смеа.
Слободното време во паузите беше искористено за посета на Осоговскиот Манастир и на Крива Паланка, како и на локалитетот Куклица и на древниот град Кратово.
До следното видување…
Теншин Шоден Катори Шинто рју семинар со Ерик Лоув Сенсеи
Во организација на Катори Шинто рју Македонија, а со подршка на Организацијата за изучување јапонски класични боречки вештини „Пат кон Сонцето“, утре вечер во Македонија ќе допатува нашиот ментор за Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу – Ерик Лоув од Холандија. Во следните неколку денови, тој ќе одржи семинар за оваа најстара документирана јапонска боречка традиција, а на настанот учество ќе земат неколкумина членови на нашето доџо.
Инаку, ова е трета посета на нашата држава од страна на учителот Лоув, кој инаку е еден од ретките носители на титулата Менкјо за Катори Шинто рју.
На семинарот ќе се вежбаат техники на извлекување на мечот од седечка (иаиџутсу) и стоечка (баттоџутсу) положба, како и техники на борба со стап (боџутсу) и со хелебарда (нагинатаџутсу).
Сите заинтересирани можат да не контактираат на нашиот и-мејл: daito_macedonia@yahoo.com
Повеќе информации за Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу во Македонија —->тука
За вештината, на Википедија —–> тука
И на You Tube —–> тука
Одржан првиот од серијата интензивни курсеви за „Шиноби Таисо“
Викендов што измина се одржа првиот од серијата интензивни курсеви за „Шиноби Таисо“, под водство на водачот на Организацијата „Пат кон Сонцето“ – Игор Довезенски. Тројца ученици на Буџинкан Македонија одлучија да го изучуваат овој систем во кој што се инкорпорирани многу традиционални јапонски методи создадени со цел да помогнат при разни физички дисфункции предизвикани поради нерамнотежа во мускулниот систем кај човекот, но и разни пореметувања на текот на енергијата во телото.
Веднаш по завршувањето на првиот дел од курсот, учесниците ги споделија своите импресии на интерниот Форум.
„Долго време сум во Буџинкан Македонија и сум присуствувал на многу тренинзи, семинари, како домашни, така и странски. Сум бил учесник и на летните кампови, сум доживеал и поминал низ секакви предизвици во доџо-то. Толку многу работи сум научил и сум запознал толку многу луѓе и зарем можам после сето тоа да се запрашам: ’Па добро бе, дали вреди? Дали е тоа загубено време, дали сум можел нешто попаметно да направам?’