Живот во Дивината III

Posted on Categories Почетна

По двата одржани семинари на тема „Живот во Дивината“, на кои членовите на Буџинкан Македонија ги изучуваа техниките на организирано живеење во заедница во дивина, време е за третиот.

На првите два настани инструкторот Довезенски ги подучуваше своите ученици како можат подолг период да преживеат во група доколку се засолнат на планина пониска од 1000 метри, како и на организирано живеење покрај река. 
За време на „Живот во Дивината III“, членовите на Буџинкан Македонија ќе имат можност да ги научат техниките на групно преживување во шума. 

Како што и беше најавено уште на првиот семинар, воините од доџо-то секоја година ќе се соочуваат со различен терен односно со разнобразни географски услови за живот. 

Семинарот ќе се раководи според сценарио на природна катастрофа или друга несреќа која бара повлекување на некое непристапно место и организирање живот на подолго време за одредена група на луѓе. Со совладувањето на новите вештини, членовите на доџо-то ќе бидат способни да го згрижат своето семејство и да му обезбедат основни услови за живеење во дивина во случај на опасност. 

Пред минатата година почнавме да го пишуваме новото поглавје на историјата, а оваа продолжуваме со третата глава. Не пропуштајте ја можноста да ги научите техниките на живеење во природа, кои во случај на природна катастрофа или друга незгода ќе ви бидат повеќе од потребни. 

На семинарот можат да учествуваат сите членови на доџо-то Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето, без разлика на нивното звање или знаење.

Потребна опрема: се што може да послужи за преживување во природа и што ќе го собере во вашиот ранец.

Ден: 23/24 јули (2016)

Место: Млака – во долината под Липац

Програма:

сабота: 07.00 часот – тргнување од Скопје

недела: 18.00 часот – враќање назад

Пријавување и информации преку инбокс, телефон или на Форум.

п.с. Престојувањето во природа носи одредени опасности. Сите учесници доаѓаат на сопствен ризик. Направете ги потребните лекарски испитување пред да се пријавите за учеството.