Одржан семинарот за Чигирики

Posted on Categories Почетна

Еден ден по семинарот за Шурикени, во неделата, учителот Игор Довезенски го одржа и редовниот семинар посветен на оружјето Чигирики од школата Тогакуре рју.

Учениците имаа можност да ги повторат и продлабочат техниките со Чигирики од оваа древна нинџутсу традиција.

Во текот на тренингот, учесниците работеа на различните начини на употреба на оружјето, посветувајќи особено внимание на правилното движење, дистанцата и поврзувањето на техниките во целина. Како и секогаш, поискусните членови на доџото несебично помогнаа во пренесувањето и повторувањето на материјата со помладите ученици.

Убавото време и атмосферата во Хомбу Доџото придонесоа уште еден семинар да помине во одлично расположение, со многу тренинг, дружење и размена на искуства.