Тогакуре рју Шурикенџутсу во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Во саботата, во дворот на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија, се одржа семинар посветен на изучувањето на Тогакуре рју Шурикенџутсу.

На семинарот учествуваа петнаесетина вежбачи, кои имаа можност да ги изучуваат и усовршуваат различните техники на фрлање со шурикени, карактеристични за оваа древна нинџутсу школа.

Во пријатна атмосфера и со голема посветеност, повеќечасовниот тренинг помина брзо и во повторување, усовршување и совладување на техниките на фрлање метални сечива и бодежи од Тогакуре рју.

Како и секогаш, по завршувањето на тренингот следуваше дружење во Хомбу, а вечерта беше заокружена со традиционалното ноќно кино.

Уште еден убав семинар, исполнет со тренинг, дружење и нови искуства.

Едно Доџо – едно семејство.
Нинпо Иккан!!!