Summer Koryu Camp VIII

Posted on Categories Uncategorized

The most excellent, biggest, and dynamic of all yearly events in the
Organization “
Taiyou e no Michi” is nearly
here. In only four days starts the eight issue of our well known “Summer Koryu
Camp”.

The topic to be studied and practiced during this year’s camp will
be the traditional Japanese martial art Takagi Yoshin ryu Jutaijutsu, as well
as the oldest documented samurai school Tenshin Shoden Katori Shinto ryu
Bojutsu. As always, the instructor Igor Dovezenski will try to transfer to his
student’s part of his 28 years of experience in the field of Koryu Bujutsu.

For those who do not know, shidoshi Igor Dovezenski is the man who
in the year 1995 opened the first and to this day only dojo in Macedonia for
classical Japanese martial arts and whit that literally ‘brought’ them to our
country. Thanks to him thousands of our fellow citizens have been introduced
with the martial arts that once were practiced and used by the legendary
Japanese samurai and ninja warriors.

The camp will be held in the period between the 4th and
12th of august, in the Homby Dojo of the organization “
Taiyou e no Michi”, which is nested in the valley under the
mountain of Lipac.

Usually august is the only month when the members of Bujinkan
Macedonia take a rest from the exhausting training regime, but a part of them
always give priority to ferocious training with an even greater zeal in this
summer period.

Besides the great intensity by which our summer camp is known, the
great friendships and relaxation must also be mentioned, and so we are calling
all, regardless of their style or skill of martial art, to take part and become
familiar with our work from up close.

Only a few more days remain to register.

More information here:  http://hombu.koryu.mk/article/show/http://hombu.koryu.mk/article/show/656656

Летен Корју Камп VIII

Posted on Categories Почетна
Највеличенствениот, најголемиот и најдинамичниот од сите годишни настани во Организацијата „Пат кон Сонцето“ е на прагот. За само осум дена започнува осмото издание на нашиот надалеку прочуен „Летен Корју Камп“.
Темата на проучување и вежбање на овогодинешниот камп ќе биде традиционалната јапонска боречка вештината Такаги Јошин рју Џутаиџутсу, како и најстарата документирана самурајска школа Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу. Како и секогаш, инструкторот Игор Довезенски ќе се обиде колку што е можно повеќе да им пренесе на учесниците дел од своето 28-годишно искуство во полето на Корју Буџутсу.

За тие што не знаат, шидоши Игор Довезенски е човекот кој во 1995 година го отвори првото и се уште единствено доџо во Македонија за класични јапонски борбени вештини и со самото тоа буквално ги „донесе“ во нашата држава. Благодарение на него, илјадници наши сограѓани досега се запознале со боречките вештини кои некогаш биле практикувани и применувани од страна на легендарните јапонски самураи и нинџа воини.    
 
Кампот ќе се одржи во периодот од 4-ти до 12-ти август, во хомбу доџо-то на организацијата „Пат кон Сонцето“, а сместено во долината под планината Липац. 

Вообичајно август е единствениот месец кога членовите на Буџинкан Македонија се одмораат од напорните тренинзи, меѓутоа еден дел од нив секогаш дават приоритет на жестокиот тренинг дури и со уште позасилено темпо во овој летен период.
Освен силниот интензитет по кој нашиот летен камп е познат, мора да се спомене и одличното дружење и забава, па затоа ги повикуваме сите, без разлика на стилот или степенот во одредена боречка вештина, да земат учество и да се запознат со нашата работа одблизу.

Остануваат уште неколку дена за пријавување.
Повеќе информации тука: http://hombu.koryu.mk/article/show/656

The seminar “Life in the Wilderness III” held

Posted on Categories Uncategorized

After having previously mastered the
techniques of organized living in a community on low mountains and near rivers,
this year we dedicated ourselves to studying the skills to surviving as a larger
group of people in a forest.  And this
past weekend proved that some of the members of Bujinkan Macedonia are
unstoppably taking in all the knowledge that has been piling up through the
years in the instructor Igor Dovezenski, and who is always unselfishly trying
to pass on a part of his experience on to his students.

The seminar was held in the forest Mlaka,
in the valley under the mountain of Lipac and in two different locations. About
the feeling of being a part of this event, we will share part of the
impressions of some of the participants.

“We arrived at Homby Dojo at 08.00 hours,
and Sensei was already ready waiting for us. Before we started for the forest
he said that from all the excitement he couldn’t fall asleep and he could
barely wait for us. Afterwards I learned that a day earlier he had ‘caught’ a
stomach bug, but I didn’t notice any signs of weakens from him during the
entirety of the seminar.
When we found the location we were looking for, Sensei first held a lecture and
told us the most important thing we should know if we find ourselves in a
situation to organize living in a forest for a longer amount of time.  Our questions were answered in great detail.
After Sensei assigned different tasks, we went to work.  We arranged the sleeping pads, we readied the
fire, and we cleaned the field where we were supposed to camp for the next two
days. Afterwards we started to prepare the ‘lunch’. We dug a big hole next to
the fire and we filled it with 
potatoes which we subsequently covered in embers
from all sides. Immediately after satisfying our hunger we started to prepare
the next meal. As Sensei always teaches us, surviving quickly becomes a fight
for calories. When it got dark, we started to prepare for sleep. The watch was
set, and from all sides started ‘coming’ the sounds of the forest. The sun rose
and Vlatce started rousing us. After we were done with the mourning hygiene ,
we dispersed the camp and moved to another location. Sensei and Taki went to
find some ‘proteins’, and the rest of us started to tidy up our equipment and
the location. We cleaned the ‘proteins’ from guts, we cooked them and got them
‘inside’. Then Sense showed us how we can with primitive tools make bows and
arrows for a hunt. 


The second day ended with ‘breaded’ snails which were very tasty” – Todor
Angelovski

“I’ll start from the end. While returning
home I got to thinking how few have the opportunity in a time of peace and
prosperity to taste how it feels to organize life in the wild and to survive in
some seriously hard conditions. When you don’t have access to 99.9% of the
resources you have at your disposal while in the city. To understand this
feeling, meaning to feel it on your own skin, it is necessary to go out in the
field and to experience directly how hard it is to survive outside of a
populated area.
This kind of seminars I will always support and I will try to take part in as
many as possible, because in this way not only are many useful techniques
learned, you also learn to appreciate life in its entirety. And not only your
own, but those of the people around you, and the life of all the plant and
animal life around you. Only in moments like this we can understand that we are
not the center of the Universe” – Vladimir Antovski   

 

Life in the Wilderness III

Posted on Categories Uncategorized

After
the two seminars held on the topic “Life in the Wild”, during which members of
Bujinkan Macedonia studied the techniques of organized living in a community in
the wild, it’s time for the third.

During
the first two events the instructor Dovezenski taught his students how they can
live a long period in a group if they take shelter on a mountain below 1000
meters,  as well as organized living by a
river.
During “Life in the Wilderness III” members of Bujinkan Macedonia will have the
opportunity to learn the techniques of group survival in a forest.      

As
was announced during the first seminar, the warriors from the dojo will face
each year a different terrain meaning different geographical survival
conditions.

The
seminar will be held under the guise of a natural catastrophe or some other
event that necessitates a retreat to an inaccessible location and organization
of everyday life for an extended time period by a certain group of people. By
mastering these new skills, members of the dojo will be capable of taking care
of their family and providing it with the basic needs for life in the wild in
case of an emergency.       

The
year before last we started to write a new chapter of history, and this year we
continue with the third part. Don’t miss the opportunity to learn the
techniques of living in nature which in case of a natural disaster or some
other catastrophe will be more than required .  

In
the seminar may take part all members of the dojo Bujinkan Macedonia/
Taiyou e no Michi regardless of their title or experience.

Required equipment: everything
that can be used to survive in nature and will fit in your backpack.

Day: 23/23 July (2016)

Location: Mlaka – in the valley
below Lipac

Program:

Saturday:  07.00 – starting from Skopje

Sunday:    18.00 – coming back

Registration and information
through inbox, telephone or through the Forum.

p.s. Staying in nature brings
certain dangers. All participants come at their own risk. Do all necessary
medical checks before registering to participate. 

Одржан семинарот „Живот во Дивината III“

Posted on Categories Почетна

Откако претходно ги совладавме техниките на организирано живеење во заедница на ниски планини и покрај реки, оваа година се посветивме на изучување на вештините за преживување на поголема група луѓе во шума. А викендов што измина, докажа дека некои од членовите на Буџинкан Македонија незапирливо го впиваат сето знаење што со години се таложело во инструкторот Игор Довезенски, а кој секогаш несебично се обидува колку што може повеќе да пренесе дел од сопственото искуство и на своите ученици.

Семинарот се одржа во шумата Млака, во долината под планината Липац и тоа на две различни локации. За чувството да се биде дел од овој настан, ќе споделиме дел од импресиите на некои од учесниците.

„Пристигнавме во Хомбу Доџо-то во 08.00 часот, а Сенсеи веќе не чекаше подготвен. Пред да тргнеме кон шумата, рече дека од возбуда не можел да заспие и дека едвај не дочекал. Потоа дознав дека еден ден претходно го ’фатило’ стомачен вирус, но јас не забележав од негова страна ниту еден знак на слабост во текот на целиот семинар. 
Кога ја пронајдовме бараната локација, Сенсеи најпрвин ни одржа предавање и ни ги кажа најважните работи кои треба да ги знаеме кога ќе се најдеме во ситуација да мора да организираме живот во шума на подолг период. На нашите прашања ни беше одговорено многу детално. Откако Сенсеи ни подели задачи, се фативме за работа. Ги спремивме леглата, го подготвивме огништето, а го расчистивме и целиот терен каде што требаше да логоруваме со следните два дена. Потоа почнавме да го подготвуваме ’ручекот’. Ископавме поголема дупка до огништето и ја наполнивме со компири кои потоа ги покривме со жар од сите страни. Само што се најадовме, веднаш почнавме со подготовката на следниот оброк. Како што секогаш не учи Сенсеи, обидите за преживување многу често се претвараат во борба за калории. Кога се стемни, почнавме да се подготвуваме за спиење. Стражата беше поставена, а од сите страни почнаа да ’доаѓаат’ звуците на шумата. Изгреа сонцето и Влатче веќе почна да не буди. Откако завршивме со утринската хигиена, го растуривме логорот и се преместивме на нова локација. Сенсеи и Таки отидоа да уловат по некој ’протеин’, а останатите повторно почнавме да ја средуваме опремата и местото. Ги исчистивме ’протеините’ од изнутрици, ги зготвивме и ги ’внесовме’ во себе. Потоа Сенсеи ни покажа како со примитивни алати можеме да направиме лакови и стрели за лов. 

Вториот ден го завршивме со ’поховани’ полжави кои беа превкусни“. – Тодор Ангеловски

„Ќе почнам од крајот. Враќајки се кон дома си помислив колку малку луѓе имаат можност во време на мир и благосостојба да искусат како изгледа да се организира живот во дивината и да се преживее во едни навистина тешки услови. Кога немаш 99,9% од ресурсите што ги имаш на располагање кога си во градот. За да се разбере какво е чувството односно да се осети сето тоа на сопствена кожа, мора да се излезе на терен и да се осети директно колку е тешко да се преживее надвор од некое населено место. 
Ваквите семинари секогаш ќе ги подржувам и ќе се трудам да присуствувам на колку е можно повеќе, бидејќи на овој начин освен што се учат многу корисни техники, учиш и како да го цениш животот во целина. И тоа не само својот, туку и на луѓето околу тебе, како и на целиот животински и растителен свет. Само во такви моменти можеш да разбереш дека ние не сме центар на Универзумот“. – Владимир Антовски