На барање на родителите чии деца не се во можност да вежбаат во вторник и во четврток поради учество на други активности (англиски јазик, балет, музичко училиште), Буџинкан Македонија од октомври отвора уште една група „Нинџа Клинци II“, која што ќе работи во понеделник и среда од 18:00 до 19:00 часот.
Се надеваме дека на овој начин ќе можеме да им излеземе во пресрет на сите дечиња кои се заинтересирани за изучување на вештините на јапонските самураи и нинџи.
За повеќе информации, слободно обратете се на инструкторот кој ќе биде задолжен за водење на новата група – семпаи Тодор Ангеловски (071 510 593).