Детската секција на Буџинкан Македонија односно Нинџа Клинци-те, вчера достоинствено го претставија нашето доџо за време на гостувањето во емисијата „Голем Одмор“ што секојдневно се прикажува на МТВ1.
Предводени од инструкторите одговорни за нивната работа, семпаи Тодор Ангеловски и кохаи Таки Гаковски, нашите најмлади членови ги демонстрираа техниките од Саншин но Ката и основните зафати од Кихон Хаппо.
Покрај добиените пофалби од страна на вработените во националната телевизија, во текот на денешниот ден добивме и многу мејлови во кои се искажува подршка кон нивната упорност и трудољубивост, како и честитки за добрата демонстрација на вештините кои ги узучуваме во Буџинкан Македонија.
Веруваме дека дечињата и понатаму ќе продолжат да работат вредно како и досега и дека секогаш подготвено ќе ги „бранат боите“ на нашето доџо.