Учителот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, беше ангажиран од страна на продуцентската куќа „Катавеј“ при промоцијата на данскиот долгометражен цртан филм – „Кариран Нинџа“.
За таа пригода, Довезенски заедно со своите верни ученици, во Младинскиот Културен Центар во Скопје одржа демонстрација и предавање на тема: „Како да станеш Нинџа“, а истовремено учествуваше и во снимањето на трејлерот што ќе се прикажува пред проекциите на „Кариран Нинџа“ во Република Македонија.
На предавањето учество земаа над 30 дечиња и родители, кои покажаа огромен интерес за работата на Организацијата „Пат кон Сонцето“.
Следниот викенд, Довезенски заедно со членовите на Буџинкан Македонија ќе одржат уште една демонстрација и предавање, овој пат во Гостивар.