Одржан петтиот „Детски Нинџа Маратон“

Posted on Categories Почетна

Иако поради ладното време на петтиот по ред „Детски Нинџа Маратон“ имавме многу помала бројка на дечиња од вообичајната, тоа воопшто не го намали квалитетот на настанот, туку напротив – уште повеќе се вложивме за да им пренесеме знаење и да ја наградиме посветеноста на тие кои се одважија да учествуваат.

И на ова издание изучувавме техники за самоодбрана, потоа техники на Таихенџутсу (нинџа гимнастика), а за весела и опуштена атмосфера имавме квиз на знаење, како и презентација на филм со боречки вештини на крајот.

Следниот месец ќе се одржи нов маратон во траење од пет саати, посветен на самурајската вештина Даито рју Аикиџуџутсу. Воедно тоа ќе биде последниот детски зимски семинар за ова полугодие.